Жално е да се гледа како ДУИ се препелка во сопствената кал. Имаа мандат во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вкупно цели 20 години, а освен гол популизам, нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина, велат од ВЛЕН.
„Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците, тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само параван за криминалното богатење на функционерите на ДУИ.
Крајно потценувачки и многу евтино изгледа тезата дека се почитува Охридскиот рамковен договор, се исполнуваат ЕУ перспективите и се одржува и унапредува стратешкото партнерство со САД, само кога ДУИ е дежурен партнер во сите влади. Овој наратив е очајнички обид на Ахмети да остане политички релевантен.
Паралелно го следи стравот од сведоштвата на Артан Груби, кој како црната кутија на ДУИ држи во заложништво минимум 5 актуелни партиски функционери.
Поради ова потценување на интелигенцијата на Албанците и овој долгогодишен манипулативен однос, ДУИ ја плати цената на локалните избори, но очигледно сѐ уште не им доаѓа памет.
ВЛЕН веќе дава вистинска лекција за тоа како се третираат и решаваат прашањата од висок интерес за Албанците“, соопштуваат од владејачката ВЛЕН.