ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Две недели по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарече „Северномакедонци“, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, продолжува да молчи, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата остро реагираат дека молкот на Филипче е „срам и директно понижување за македонскиот народ и државата“.

„Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет. Тој молчи пред навредите од Бугарија, прави лични калкулации и продолжува со политика на сервилност“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Филипче не се оградил ниту од навредливите ставови на членови на неговата партија. Особено го споменуваат членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, кој јавно изјави дека Гоце Делчев е мит и дека 'не направил ништо за Македонија'.

„Филипче води политика на понижување и отворање простор за нови уцени кон Македонија, само за да дојде на власт. Додека македонскиот народ очекува цврст државнички став и црвени линии за идентитетот, јазикот и историјата, Филипче тивко ги поддржува наративите кои ја негираат Македонија“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека македонскиот идентитет, јазик и историја не се предмет на преговори и политички пазар.

„Секој политичар кој молчи пред навреди кон Македонија, директно ги охрабрува оние што сакаат да ја разнебитат државата и националното достоинство. Македонија заслужува политичари што ќе ја бранат, а не да молчат пред нејзините негатори“, се заклучува во текстот.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Read more

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Вести

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Читај повеќе

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Читај повеќе

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе