ВМРО-ДПМНЕ: Таравари од човек со став, стана потрчко на Ахмети

ДУИ и нивните сателити реагираа. А и како не би врескале, кога Таравари конечно го положи испитот на максимална послушност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од АА на Таравари сега слушаме апсурдна логика: ако ВМРО-ДПМНЕ ги критикува, значи се на вистинскиот пат. Не, не сте!
Вие сте на патот на ДУИ. А тоа значи: пат на корупција, клиентелизам и лични договори зад грбот на народот. Кога ДУИ ќе ви аплаудира, кога нивните портали ќе ве бранат, кога поранешни противници ќе ве фалат, знаете дека сте направиле нешто многу погрешно.“

Во соопштението од владејачката партија велат дека Арбен Таравари не е нападнат затоа што некој се плаши од него. Напротив, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, жално е да се гледа како еден лекар, некогаш со кредибилитет, сега мора да се правда преку соопштенија на ДУИ и да се радува кога тие го „тапкаат“ по рамото.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека партијата е „нападната затоа што е пречка за криминалот на ДУИ и нивните нови соработници.

„И тоа е вистинската причина за нервозата. А Таравари, колку и да се труди, нема да може да ја избрише вистината: од човек со став, стана човек со валкани домашни задачи. Да потпишува партиски соопштенија напишани во Мала Речица.

Дали е на 'вистинскиот пат', најдобро покажуваат анкетите. Од 2,7% поддршка, падна на 1%, а според некои и под 1%. Ако тоа значи да си на вистинскиот пат, да станеш потрчко на Ахмети, и да ти се сруши рејтингот тројно, тогаш навистина 'добар пат' има фатено.

На добар пат е Таравари да ја доживее целосната НДП-изација и ДПА-изација на својата структура. Да се сведе на 3-4 илјади клиентелисти што ќе чекаат Ахмети да им додели некоја функција или тендерче, со некоја идна влада на СДС, ако некогаш таква се случи. Таков е нивниот 'пат', таква им е стратегијата – и тоа е нивно право.“

Наше право и обврска како ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски, е да внимаваме во иднина, во која било идна коалиција, никогаш да нема Таравари или некој сличен по „интегритет“.

Му порачуваат на Таравари да си ги обнови релациите со Венко Филипче и со Зоран Заев и да остане, како што велат, во друштво во кое најдобро се пронаоѓа.

„Ахмети ќе му најде место. А народот, ќе си пресуди. Како што знае“.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе