Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

По минатогодишниот успешен настан, компанијата Паком Компани и брендот VIVAX повторно организираат голема еко-акција за чистење на Водно, со која ја продолжуваат мисијата за зачувување на планината и подигнување на јавната свест за одговорно однесување кон природата.

Настанот ќе се одржи во сабота, на 3 мај, со почеток од 9 часот, кога учесниците треба да дојдат на почетната точка кај Полициска станица Водно каде што ќе добијат основни средства за собирање отпад. За првите 150 учесници организаторите подготвија дополнителна опрема за планинарење - ранец, термос, маица и јакна ветровка.

Во групи предводени од членови на планинарскиот клуб H2O, сите волонтери заедно со вработените од Паком Компани и VIVAX ќе се искачат до Средно Водно, по што ќе се поделат по најчесто користените патеки до врвот – Цветкова, Олимписка, Пензионерска и Новогодишна. На минатогодишната акција од овие патеки беа собрани повеќе од 200 вреќи отпад, со помош на 200 волонтери.

По завршувањето на еко-акцијата, предвидена е кратка едукативна презентација и дружење кај планинарскиот дом Даре Џамбаз со музички диџеј сет. Дополнително, организаторите најавуваат предизвици за учесниците во акцијата, со кои ќе имаат можност да добијат подарок VIVAX смарт часовник или преносен блутут звучник.

„Како бренд кој долгорочно вложува во заедницата и околината, сметаме дека зачувувањето на Водно е од заедничка важност и среќни сме што дојде време да се вратиме онаму каде што имаме вложено многу време, труд и внимание за да придонесеме кон почиста природа и да поттикнеме здрав и активен живот кај нашите сограѓани.

Успехот на минатогодишниот настан ни влева ентузијазам и верба дека оваа година можеме на едно место да собереме уште повеќе љубители на природата со кои ќе ѝ помогнеме на нашата планина повторно да дише“ – истакнуваат претставници од VIVAX.

Настанот е отворен за сите граѓани кои сакаат да учествуваат во придонесот кон почиста околина, без разлика дали се планинари, рекреативци или едноставно љубители на Водно.

Сите детали за настанот се достапни на профилите на VIVAX на Facebook и Instagram.

Заедно до почиста природа - се гледаме на VIVAX чистка на Водно во сабота, 9 часот, полициска станица Водно.

реклама

Македонија

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Read more

Без вода денеска дел од Центар

Read more

Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Read more

Сончево и релативно топло, максималната температура до 21°C

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе