Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, соопшти дека во примероците вода за пиење земени од 7 мерни места во Гостивар и околината, како и во изворот Вруток, не се најдени бактерии и од денеска водата може да се користи за пиење. Кажа дека водата немала бактерии и минатата недела, но имала повеќе хлор поради дезинфекција на системот поради што во саботата го намалиле додавањето течен хлор во водата.

„Последните добиени резултати од лабораториските испитувања потврдуваат дека водата е микробиолошки и физичко-хемиски исправна во целост, односно дека сите испитани параметри, вклучително и количеството на резидуален хлор, се во границите предвидени со Правилникот за барања за квалитетот на водата за пиење. Со тоа се исполнети условите водата од водоснабдителниот систем во Гостивар повторно да се користи за пиење“, соопшти директорот Миланов.

Тој им препорача на граѓаните пред да ја користат водата за пиење, да ја остават да истече од чешмата неколку секунди, особено доколку водата подолго време не била користена во конкретната чешма и апелираше да ја користат рационално.

иени резултати од лабораториските испитувања потврдуваат дека водата е микробиолошки и физичко-хемиски исправна во целост, односно дека сите испитани параметри, вклучително и количеството на резидуален хлор, се во границите предвидени со Правилникот за барања за квалитетот на водата за пиење. Со тоа се исполнети условите водата од водоснабдителниот систем во Гостивар повторно да се користи за пиење “ соопшти директорот Миланов.

Тој им препорача на граѓаните пред да ја користат водата за пиење, да ја остават да истече од чешмата неколку секунди, особено доколку водата подолго време не била користена во конкретната чешма и апелираше да ја користат рационано.

Откога директорот Миланов ги соопшти резултатите од анализите, Ангелов кажа дека со личен пример ќе покаже дека водата може да се пие.

„За крај, дозволете: во знак на силна доверба во стручниот тим којшто стоеше зад овој процес и којшто ни помагаше на нас како Главен штаб, ние ќе излеземе надвор пред чешмата, јавната чешма којашто е веднаш пред Општината, и ќе испиеме по една чаша вода за да ги убедиме граѓаните да имаат доверба дека водата е исправна за пиење, затоа што во периодов се појавија многу шпекулации и многу недоверба“, рече Ангелов и излезе да се напие вода.

Со пиење чаша вода пред камери во средата и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги убедуваше скопјани дека водата не е загадена со бактерии.

Водата во Гостивар беше забранета за пиење на 17 јули откога над 3.000 гостиварци се пожалија на стомачни проблеми, а анализите покажаа дека во неа има фекални бактерии.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе