Вонреден инспекциски надзор на депонијата Дрисла

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад Дрисла, по пријава од Полициската станица Гази Баба.

„На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП 'Дрисла', како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП 'Водовод и канализација' - Скопје.

Инспекцискиот надзор го извршија овластени инспектори од СВР Скопје ЕЕКК, а присутни беа и директорот на ЈП 'Дрисла', надлежно лице за животна средина и други вработени во јавната установа“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во согласност со А-ИСКЗ дозволата која ја поседува ЈП „Дрисла“, е изготвен извештај испратен по е-пошта до МЖСПП и ДИЖС во врска со настанот.

„Од надзорот е изготвен записник за констатирање, а ќе бидат земени и примероци од подземни води и почва од страна на акредитирана лабораторија за животна средина. ЈП 'Дрисла' достави и извештај од мониторинг станицата за квалитет на воздухот. Инспекциската постапка е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот“, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тагови
реклама

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Македонија

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Read more

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Read more

Денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени

Read more

Вести

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави 2 милиони евра помош за Колумбија по земјотресот

Читај повеќе

Politico: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

Читај повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Читај повеќе

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Читај повеќе

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: Ќе возвратиме со иста мера

Читај повеќе

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Читај повеќе

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Читај повеќе

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Читај повеќе