Зајкова: Не, колеги, насилството врз жените не е семејна работа, тоа е државна одговорност

Рамајана. Росица. Кате. Марија. Која треба да е следна? Дали сите треба да умреме за да проработи системот? Дали треба уште едно име да стане хаштаг, уште една фотографија да стане црна рамка, уште едно дете да остане без мајка, уште една мајка/татко без ќерка – за институциите да сфатат дека молкот убива? Пријави за семејно насилство, закани. Но, од друга страна, институционален молк, истакна на собраниска седница претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

„Додека ние овде зборуваме за стратегии, акциски планови и родова еднаквост на хартија – жените умираат во реалноста.

Собранието нема право да молчи и да се крие зад процедурите. Собранието има одговорност.

Го отфрливте Законот за електронска нараквица за следење на сторителите на насилство. Без сериозна дебата и аргументи. Од тогаш само броиме жртви.

А денес? Денес устите полни со поддршка за жените. Каде беше таа поддршка кога требаше да се обезбеди конкретен механизам за заштита? Каде е парламентарниот надзор за институциите што молчеле? Каде е одговорноста? Зошто институциите ги остават жртвите сами?

Ова не се изолирани случаи. Ова е систем што реагира по притисок на јавноста, но не и по пријава“.

Зајкова праша колку жени уби системот со своето молчење.

Праша и колку пријави останале и уште колку се наоѓаат во фиока.

„Колку пати сме слушнале: 'Тоа е семејна работа'?

Не, колеги. Тоа не е семејна работа. Тоа е државна одговорност. 8 Март не е ден за цвеќе и пригодни објави на социјални мрежи.

8 Март е ден за вистина. А вистината е дека државата потфрли.

И ако не сакаме следниот 8 Март повторно да го одбележиме со читање на имиња на жртви –тогаш мора веднаш да преземеме конкретни мерки.

Не декларации. Не соопштенија.

Затоа што секое одложување може да значи уште едно име. И тогаш нема да биде доволно да кажеме 'изразуваме жалење'.

Денес прашањето не е дали сме за правата на жените. Прашањето е дали им овозможуваме безбеден живот“.

Обврска е, додаде таа да се покаже дека системот може да штити, а не да молчи. Во спротивно, како што рече, историјата нема да нѐ памети по честитките за 8 Март, туку по тишината додека жените умираа.

Зајкова веќе има поднесено барање за одржување надзорна расправа на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, а утре (петок; 6.3.2026), повторно до Собранието ќе ги поднесе измените со предлогот за воведување на електронска нараквица за следење на сторителите на женско и семејно насилство, информираат од партијата.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе