Започнува пријавувањето за Croatia Osiguruvanje Business Run – трката за најбрза македонска компанија

Скопје, 16 април 2025 – Најновата тим-билдинг трка за компании во земјава, Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025, ќе се одржи во четврток, 12 јуни 2025, на кејот на реката Вардар, пред болницата Acibadem Sistina, која воедно е и домаќин на настанот.

Овој нов спортски и корпоративен настан е наменет за вработени од различни компании, кои во мешани машко-женски тимови ќе се натпреваруваат на патека долга 5 километри, на кејот покрај Вардар во Карпош.

Повеќе од трка – празник на тимскиот дух

Настанот има за цел да ја поттикне физичката активност и тимската енергија меѓу вработените, при што учеството е отворено за сите компании, без разлика на големината или дејноста. Секој учесник добива торбичка, маичка, медал за финиширање, оброк, пијалаци и освежување за време на трката.

„Под мотото 'Трчаме како еден – победуваме заедно' трката Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025 има за цел да ја истакне позитивната страна на корпоративниот живот – соработката, здравјето, мотивацијата и поддршката. Тимовите ќе бидат во мешан родов состав за да ја одразат реалната слика од работното место, а трката ќе биде место каде што колегите дополнително ќе се запознаат, натпреваруваат и дружат надвор од канцеларијата“, велат организаторите.

По завршување на трката следува вечерна забава со музика во живо, лотарија со подароци и прогласување на најдобрите тимови.

Регионално финале за победниците

Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025 е дел од Adria Corporate Run League – регионална лига на бизнис трки од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Победникот од Скопје ќе ја претставува Македонија на големото регионално финале, каде најдобрите корпоративни тимови од регионот ќе се соочат во завршниот натпревар за најбрза компанија во Јадранскиот Регион.

Како да се пријавите

Официјалните пријави започнуваат денес, а се вршат преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. Крајниот рок за пријавување е 2 јуни 2025 или порано доколку порано се пополни предвидениот максимален број на учесници.

Основни правила на учество

Тимовите треба да бидат составени од вработени во компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница.
Една компанија може да има еден или повеќе тимови, а секој тим може да брои од најмалку три членови, до неограничен број на натпреварувачи, притоа барем едно лице да биде од спротивен пол. 
Рангирањето се врши според збирното време на најбрзите тројца членови на секој тим, од кои барем едно мора да биде машко или женско лице.

Организатор

Настанот го организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, со поддршка на Кроација Осигурување и Аџибадем Систина.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Македонија

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Read more

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Read more

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Read more

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Read more
 

Вести

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Читај повеќе

17-годишна скопјанка тешко повредена по пад во отвор за лифт во зграда во изградба

Читај повеќе