Зелен хуман град формира партија за да може да учествува на избори

Фото: Веб страница на ЗГХ

По последните настани во Собранието и по измените на Изборниот законик од минатата година, граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) објави дека ќе го формализира своето делување преку формирање политичка партија. Како што велат од ЗХГ, ова е единствениот пат за да можат независните и граѓанските иницијативи да учествуваат на претстојните локални избори, бидејќи власта и опозицијата заеднички ги заострија условите за независно учество.

Од „Зелен хуман град“ истакнуваат дека не им е целта формирањето партија, туку, како што нагласуваат, „уште помалку сакаме сега да се повлечеме, кога партиите се обидуваат насилно и на секој начин да нè спречат“. Овој чекор го доживуваат како нужност диктирана од неодамнешните законски ограничувања за независните кандидати.

Вистинската причина е неодамнешната заедничка одлука на власта и опозицијата, кои лани здружено донесоа измени во Изборниот законик со што забележително се зголеми прагот на потребни потписи за учество на независните на изборите. Ова прави учеството на граѓанските иницијативи практично невозможно, вели групата.

„Имаме алтернатива? Не, во моментов законски може или да се формира партија или да кренеме бело знаменце. А кревање бело знаменце е суштинска спротивност на нашето постоење, граѓанската борбеност и сè останато што ние претставуваме“, изјавија од „Зелен хуман град“, истакнувајќи ја својата решеност борбата за граѓанските интереси да продолжи.

Уставниот суд ги укина рестрикциите – нов закон уште нема

Иако Уставниот суд во март годинава ги укина спорните членови од Изборниот законик, кои бараа значително повеќе потписи од независните кандидати, ново законско решение сѐ уште не е донесено. Политичките партии избегнуваат да го решат прашањето, па судбината на граѓанските иницијативи останува неизвесна.

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека „ова прашање ќе мора да се реши“, но посочи дека ни самите пратеници сè уште не знаат какво и кога ќе биде долгорочното решение. „Уставниот суд кажа да се донесе нов Изборен законик, но сè уште се чека. Имаше согласност од големите партии, а се противеа ДУИ и Левица. Ако не го изгласаме до крајот на месецов, ќе мора веднаш по одморите“, рече Гаши.

Граѓанските иницијативи бараат европски стандарди

Од „Зелен хуман град“ се придружија на барањата на уште осум други граѓански иницијативи за реформи аналогни на европските пракси. Тие бараат практично достиглив праг на потписи за независни кандидати (20 до 100 потписи за општини и 200 за Град Скопје), собирање потписи и на терен и надвор од просториите на ДИК, продолжување на рокот за потписи на 30 дена и фер третман на независните листи во односот со медиумите и финансирањето.

Истовремено, апелираат на транспарентност и еднаквост, барајќи редоследот на избирачките листи да се одредува по ждрепка, како и целосно прикажување на имињата на граѓанските листи на избирачките ливчиња.

Итни рокови, неизвесни одговори

Јасно е дека доколку не се донесе нов изборен закон навреме, граѓанските иницијативи ќе останат надвор од изборните процеси или ќе мораат формално да се пререгистрираат како партии. За регистрација на партија неопходни се 1.000 потписи – уште една процедура со која, како што велат од ЗХГ, парламентарната сцена ја држи затворена за „трета опција“, односно за автентични граѓански гласови.

Наспроти волјата на гласачите и трендот на зголемена поддршка, речиси една година институциите и најголемите партии не покажуваат спремност да го решат ова прашање.

Повик до поддржувачите

„Мора да ја продолжиме битката зад која застанаа 10.000 скопјани на последните локални избори“, порачуваат од „Зелен хуман град“, барајќи од граѓаните поддршка во собирањето потписите за претстојната регистрација, но и солидарност со независното здружување кое е темел на еден поинаков, инклузивен градски развој.

„Дали сакаме партија? Не, воопшто. Но нема да се повлечеме – ова е наша борба за сите нас.“

БОРБАТА ДОБИВА НОВА ФОРМА! Сè ќе направат за да нè снема. Менуваа Изборен законик во 2021 за да мора да собираме 10.000...

Posted by ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД on Tuesday, July 22, 2025
реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Македонија

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Read more

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Read more

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Read more

ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе