Зелен хуман град: Ја добивме првата затворска казна за убиство на куче во историјата на Македонија

Денес е голем ден! Денес монструозниот убиец Љубе Крстевски доби првостепена пресуда со ефективна затворска казна од 3 месеци за грозоморното убиство на Феликс! Ефективна затворска казна е изречена прв пат во историјата на Македонија!, велат од граѓанска иницијатива Зелен хуман град преку писмено соопштение.

„Активистите за заштита на животните повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат! Кога се бориме против неправда, тоа има ефект!

Судиjката Лидија Петровска при изрекувањето на пресудата рече: 'Изрекувањето ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост, особено во контекст на зголемениот број случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните'.

Адвокатот на убијците, Горан Колев, кој не ни знаел дека постои Законот за заштита и благосостојба на животните, во својот завршен збор изјави: 'Сепак не е човек, сепак е куче'. Горан, од убиство на куче до убиство на човек има само еден чекор! Тоа е непобитен факт!

Ќе се жалат, ама ќе се жалиме и ние! Но, денес, ќе славиме и ќе се сеќаваме на милиот Феликс! Ќе се сеќаваме на секое друго животно што настрадало од човечка рака! Ниедно не е заборавено! Нема да се откажеме и ќе се бориме до крај! Додека и последното живо суштество не го добие правото што му припаѓа по раѓање – да живее живот во слобода!“, се додава во соопштението на граѓанската иницијатива Зелен хуман град.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Read more

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Read more

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Read more

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Read more

Вести

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Читај повеќе

Иран: Ја нападнавме израелската воздухопловна база од која го нападнаа Либан

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел нападна петрохемиски комплекс во Иран

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Читај повеќе

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Читај повеќе

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе