Зелен хуман град ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за контрола на индустриските емисии

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје – упати критика кон сите пратеници во македонското Собрание поради усвојувањето на Законот за контрола на индустриските емисии, кој организацијата го нарекува најштетниот закон во историјата на Македонија.

Од иницијативата најавуваат дека почнуваат постапка за оспорување на уставноста на законот пред Уставниот суд, а паралелно работат и на предлози за негови измени.

Во соопштението се потсетува дека законот бил изгласан пред два месеца, во предизборен период, без ниеден глас против. Зелен хуман град наведува дека од 120 пратеници 0 гласале против, 22 не присуствувале, 34 не се изјасниле, а 64 го поддржале законот.

Организацијата обвинува дека со законот се овозможува легално да се произведат последици врз здравјето и животот и дека институциите капитулирале, па затоа тие продолжуваат со правни иницијативи, јавен притисок и активности за чист воздух и безбедни услови за живеење.

„Никој не е слободен додека дише отров легално скриен како деловна тајна“, стои во соопштението, со повик до граѓаните да се приклучат кон иницијативата.

Клучни забелешки на Зелен хуман град за ризикот од прикривање податоци и недоволна контрола

Зелен хуман град и претходно предупреди дека новиот Закон за контрола на индустриските емисии создава сериозни ризици за животната средина и здравјето на граѓаните. Организацијата посочува неколку клучни проблеми, меѓу кои и тоа што не содржи јавно 24/7 достапни податоци за индустриското загадување. Законот не обврзува индустриските капацитети да објавуваат континуирани податоци за емисиите, што значи дека јавноста нема пристап до информации за реалното загадување, велат од тука.

Натаму, како што додаваат, компаниите имаат право да скријат информации за суровини, хемикалии, процеси и активности доколку ги класифицираат како деловна тајна. Според иницијативата, тоа практично дозволува прикривање дали се користат токсични материјали или отпад.

Ја нагласуваат и можноста да се скријат информации за еколошки штети при затворање инсталации. Член 24, став 8 дозволува одредени податоци за мерки за намалување на еколошката штета да бидат недостапни за јавноста. Се наведува дека законот предвидува до 6 месеци работа над дозволените граници, како и до 500 часа годишно со мониторинг што го врши самата индустрија – без независна контрола. Законски се ограничува учеството на јавноста во предлагање технички подобрувања за намалување на загадувањето. Од Зелен хуман град велат и дека во извештајот од јавната расправа се наведува оти големи загадувачи, како Макстил и Усје, го поддржале законот, што, според иницијативата, покажува колку е поволен за индустријата. Натаму, како што додаваат, законот бил донесен во време на кампања, што не дозволува ефективно учество на јавноста.

Ставот на Министерството за животна средина: Усогласување со ЕУ-стандарди и почиста средина

Според Министерството за животна средина, новиот Закон за контрола на индустриските емисии има цел усогласување со европските еколошки стандарди. Министерството наведува дека со законот: индустриските капацитети ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ); се воведуваат построги услови за работа и намалување на дозволените емисии; загадувањето ќе се мери преку акредитирани лаборатории; се зајакнуваат инспекциската контрола и санкциите; се потврдува принципот загадувачот плаќа; се овозможуваат поголема транспарентност и вклучување на јавноста.

Министерството го претстави законот како чекор кон почист воздух, вода и почва, намалување на отпадот, подобра заштита на здравјето, приближување до европските еколошки политики.

Законот, како што додаваат, бил подготвен со поддршка од Европската Унија.

Левица е против законот, затоа не го гласала

Шестмината пратеници на Левица не го поддржаа законот избирајчи ја опцијата вооппто да не гласаат, намесрто да гласата протов.

„Пратениците од Левица не го поддржаа контроверзниот Закон за контрола на индустриски емисии со кој се воведува институтот 'деловна тајна' – одредба која може да доведе до прикривање на информации за материјалите и суровините што ги користат фирмите, а кои потенцијално можат да бидат штетни за животната средина. Законите во Собранието се усвојуваат со гласање ЗА, а за овој закон гласаа исклучиво пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните коалициони приврзоци ВЛЕН и ЗНАМ. Оттука, целата одговорност за овој закон е на власта, без простор за релативизирање“, велат од Левица.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Read more

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Read more

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Read more

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Read more

Вести

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Читај повеќе

Иран: Ја нападнавме израелската воздухопловна база од која го нападнаа Либан

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел нападна петрохемиски комплекс во Иран

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Читај повеќе

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Читај повеќе

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе