Зелен хуман град: Снимајте ги оние кои фрлаат кучиња од возило

Фото: Facebook страница на „Зелен хуман град“

Еден ден откако од „Анима мунди“ укажаа на праксата на напуштање домашни миленици и дислокација на кучиња и нивно префрлање од една општина во друга, нарекувајќи го тоа „организирано префрлање на топката наместо вистинско решавање“, и од „Зелен хуман град“ се огласија за проблематиката на исфрлање кучиња од возила во главниот град СКопје.

Од „Анима мунди“ рекоа дека таквите дејствија, кои ги сметаат за координирани, „дополнително ја продлабочуваат кризата и покажуваат дека, покрај неодговорното сопствеништво, постои и сериозен проблем со организирано исфрлање животни на туѓа територија, со фокус на град Скопје“.

Фактот, како што додаваат, дека пет од шест заловени кучиња имаат сопственик е директен доказ дека проблемот не може да се реши без строга законска регулација. Оттаму посочуваат дека се потребни сериозни, неизбежни и доследно применувани казни за неконтролиран расплод, за пуштање кучиња без надзор и за напуштање животни.

Од „Зелен хуман град“, здружена иницијатива на 23 организации со еден претставник во Совет на Град Скопје, преку социјалните мрежи споделија дека веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје и со нив „се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек“.

„Нема да биде првпат да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да 'пројде' масовна еутаназија како 'решение'“, укажуват од ЗГХ.

Тие потсетуваат дека биле сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрлил терминот „еутаназија“.

„Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај 3 или 4 сабајле и како војска во 5 или 6 поминуваа и собираа лешеви. Не беа само бездомните кучиња, сите памтиме како умираа и домашни миленици во тие дивјачки хајки! Нема погадна смрт од смртта од отров!“, потсетија од ЗГХ и побараа „Безбеден град“ да се стави во функција на решавање на проблемот.

„Бараме ВЕДНАШ да се активира Безбеден град во функција на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје. Бараме ригорозно и неселективно казнување на сите што ќе бидат фатени дека го прават ова!“, велат од ЗГХ и ги повикаа граѓаните да ги снимаат ваквите счучаи ако ги забележат, секако, од безбедна дистанца.

„Бараме поддршка од вас, драги сограѓани, ако забележите исфрлање кучиња од возило снимајте и фотографирајте со јасно фаќање на регистарските таблици, но од безбедна оддалеченост!“

„Зелен хуман град“ исто така потсетија дека „актуелното раководство во Град Скопје ги елиминираше сите до еден активисти од управниот и надзорниот одбор на Лајка и ги замени со партиски номинации што немаат допирна точка со стратегии за хумана контрола на бездомни животни“.

„За сега само директорката на 'Лајка' е единствената останата активистка на раководна функција со моќ за одлучување во претпријатието. Дури и да се убијат сите бездомни кучиња и мачиња како што варварски се правело во минатото, за 6 месеци пак ќе бидат полни улиците со бездомни кучиња и нови на пат. Неодговорни сопственици се проблемот, непостоечки/премали казни, како и што напуштањето миленик не е кривично дело“, децидни се од ЗГХ.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Македонија

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Читај повеќе

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Читај повеќе

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Читај повеќе