ЗХГ со апел до скопските градоначалници: Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година

Активисти на граѓанската иницијатива Зелен хуман град со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова година.

„Ја пренесуваме пораката на стотици сограѓани кои секојдневно ни пишуваат: Не сакаме огномет за Нова година никаде во Скопје.

Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, со енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички. Во вакви услови, секоја дополнителна детонација е директен удар врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

Како јавни службеници избрани од граѓаните, имате обврска да ги заштитите од загадување, од бучава, од вознемирување и влошување на здравјето, а животните од стрес, паника и потенцијална смрт.“

Организирање огномет од јавни пари по сите научно докажани информации кои ги споделивме, како што појаснуваат од таму, е свесна одлука, да се игнорира реалноста на штета на сите нас.

Од Зелен хуман град додаваат дека штетните политички одлуки не ги плаќаме само со нашите тешко заработени пари, ги плаќаме, како што истакнуваат, со најскапоценото, нашето и здравјето на тие што ги сакаме.

„Јавно ќе ги објавиме имињата на сите скопски градоначалници кои ќе се обврзат дека за Нова година нема да организираат огномет. Скопје знае да слави достоинствено.“

Потсетуваме, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека оваа година на прославата огномет нема да има.

„Потегот на градоначалникот го сметаме за позитивен, но истовремено сметаме дека не смее една ваква клучна материја да е нечие дискреционо право. Денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква. А, останува фактот дека огнометите и пиротехниката на хартија се дозволени со поседување лиценци и обезбедување стручни лица кои ќе ракуваат со неа. Оттука, инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски да се забрани експлицитно и на отворен и на затворен простор“, велат од граѓанската иницијатива.

Оттаму потсетуваат и на нивното барање што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.

„Скопската централна новогодишна прослава без огномет претставува мал, но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути 'забава'. Секако ова не ги спречува бројните несовесни граѓани кои новогодишните празници ги доживуваат како погоден момент на своја рака да испалуваат огномет и разни пиротехнички средства и поради ова апелираме и очекуваме Министерството за внатрешни работи да е на висина на задачата, особено на дочекот на Новата година“, велат од Зелен хуман град.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Македонија

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Read more

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Read more

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Read more

ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе