ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска на прес-конференција изнесе документи од Трговскиот регистар на Република Бугарија, обвинувајќи го претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за наводна поврзаност на неговите бизнис интереси во соседството со неговите политички ставови за уставните измени.

Според документите што ги презентираше ЗНАМ, Филипче е наведен како единствен сопственик на капиталот и управител на компанијата ПАУЪР АЙ8 ЕООД, чие седиште се наоѓа во градот Петрич, на улицата „Гоце Делчев“ бр. 12. Од партијата посочуваат дека на истата адреса во Петрич е регистрирана и компанијата ГОМАСИДРА ЕООД, која, како што велат, е во сопственост на Вице Заев.

Од ЗНАМ јавно го повикаа лидерот на СДСМ да излезе пред граѓаните и да одговори на неколку клучни прашања поврзани со оваа фирма.

„Го повикуваме Венко Филипче да одговори дали е точно дека е сопственик на оваа компанија во Петрич, со какви дејности се занимава таа и колкав капитал и имот поседува во соседната држава. Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“, прашуваат од ЗНАМ.

Од партијата додаваат дека јавноста има право да знае дали ставовите на претседателот на СДСМ во однос на Бугарија се условени, ублажени или компромитирани поради грижата за неговиот личен имот и капитал, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на ничии лични и деловни интереси.

„Молкот не е одговор, молкот е признание. Очекуваме Филипче да собере храброст и да се соочи со вистината и со граѓаните за да објасни дали неговите политички ставови се резултат на лични убедувања или се исклучиво во интерес на неговите бизнис релации“, порачуваат од ЗНАМ.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе