ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и обвинителството

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ - Битола.

Фото: ТВ Тера

Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ангажирани како обезбедување вербално го нападнале и му ја одзеле камерата, со што го спречиле да продолжи со известувањето.

ЗНМ укажува дека ваквото постапување е недозволиво и претставува сериозно попречување на работата на медиумски работник. Велат дека никој нема право самоволно да одзема новинарска опрема или со притисок и закани да спречуваат новинар или снимател во извршувањето на неговите професионални задачи.

„Имајќи ги предвид околностите на случајот, ЗНМ очекува надлежните институции да испитаат дали преземените дејствија можат да се разгледуваат и во контекст на член 139 од Кривичниот законик, кој ја регулира присилбата, односно употребата на сила или сериозна закана со која друго лице се присилува да стори, да не стори или да трпи нешто. Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) брзо и темелно да ги испитаат сите околности на случајот, да ги утврдат фактите и да преземат соодветни правни дејствија“, велат од ЗНМ и додаваат дека новинарите и медиумските работници мора да имаат непречени услови за професионално известување, а секое попречување, заплашување или одземање на нивната опрема мора да биде соодветно санкционирано.

реклама

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Македонија

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Read more

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Read more

Денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени

Read more

Вести

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави 2 милиони евра помош за Колумбија по земјотресот

Читај повеќе

Politico: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

Читај повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Читај повеќе

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Читај повеќе

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: Ќе возвратиме со иста мера

Читај повеќе

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Читај повеќе

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Читај повеќе

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Читај повеќе