Албанија го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

В понеделник Албанија ќе го отвори последниот, шести кластер, во преговорите со Европската Унија.

На седмиот состанок на конференцијата за пристапување на Албанија во ЕУ ќе биде отворен кластерот 5, кој се однесува на ресурсите, земјоделството и кохезијата.

Тој кластер се состои од поглавјата – 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби), објави Брисел.

Албанија, која доби статус на кандидат за членство во 2014 година, го отвори првиот кластер во преговорите (основни) со ЕУ во октомври минатата година, што значи дека ги отвори сите кластери за речиси една година.

Албанскиот премиер Еди Рама го опиша отворањето на последниот кластер во преговорите како рекордно достигнување.

Тој исто така рече дека ништо нема да го спречи патот на Албанија кон членство во ЕУ во 2030 година и дека целта на владата е да го заврши процесот на преговори до 2027 година, објави Albanian Daily News.

Амбициите на Тирана се поткрепени од фактот дека италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поддржа плановите на Албанија за пристапување кон ЕУ вчера на прес-конференцијата по првиот самит Италија-Албанија во Рим.

Мелони објави дека ќе се стреми политичките преговори со Албанија за пристапување кон Унијата да почнат во првите шест месеци од 2028 година кога Италија ќе претседава со ЕУ, објави Politico.

Тагови
реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Регион

Вучиќ: Србија се издигна како феникс од пепелта

Read more

Вучиќ: Нѐ очекува најдобрата година во историјата на Србија

Read more

Ново пребројување на гласовите во Република Српска

Read more

На Србија ѝ се заканува затворање на една петтина од бензинските пумпи

Read more
 

Вести

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе