Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Речиси 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, додека големиот пожар беснеел на подрачјето на Омиш и Макарска.

Според хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура, голем број луѓе, во страв од огнот, се засолниле во морето и на пловила. Акцијата за спасување започнала во 23:40 часот.

Во спасувањето учествувале сите расположливи пловила на Капетанијата на пристаништата Сплит и нејзините испостави во Макарска, Милна и Хвар. Биле вклучени и две полициски пловила, брзо пловило на Хрватската крајбрежна стража, пловило на Царинската управа и гумен чамец на Хрватската планинарска спасувачка служба, пренесе Index.

Во акцијата помогнале и граѓани, како и приватна компанија со патнички брод.

Најинтензивниот дел од спасувањето се одвивал од 0:15 до 2:45 часот. Само службениците на трите пристанишни испостави спасиле вкупно 194 лица, главно со евакуација од брегот и од морето, како и од пловила на кои луѓето се качувале за да се спасат од огнот.

Најмногу интервенции имало на потегот од Немира до Рускамен. Од Министерството наведуваат дека конечниот број на спасени лица ќе биде познат по завршувањето на акцијата, бидејќи во спасувањето учествувале и други служби, граѓани и компании.

„Над нас беснееше огнот“

Меѓу евакуираните е и Карла од Загреб, која е сместена во прифатниот центар на Грипе во Сплит. Таа во бегството од пожарот била повредена и ја изгубила речиси целата своја сопственост, освен документите.

Карла раскажала дека била во автомобил кога огнот ја зафатил магистралата, пишува Dalmatinski Portal.

„Автомобилите почнаа да горат и потоа се спуштивме кон морето“, раскажала таа.

При бегството кон брегот паднала и се повредила, а засолниште пронашла во мала пештера покрај морето.

„Чекавме околу два часа во една мала пештера покрај морето додека не дојде спасувачката служба. Над нас беснееше огнот“, раскажала Карла.

Иако останала без речиси сè што поседувала, вели дека најважно ѝ е што преживеала.

Поради состојбата предизвикана од пожарот, траектната линија Плоче–Трпањ сообраќала без прекин, без следење на вообичаениот ред на пловидба.

По смирувањето на ситуацијата, службениците на Капетанијата на пристаништата Сплит и нејзините испостави продолжиле со превентивен надзор на крајбрежјето погодено од пожарот.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Регион

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Read more

Вучиќ: Србија ќе произведува балистички ракети со голем дострел

Read more

Србин го принудил 10-годишниот син да пука во 25-годишен маж

Read more

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе