Црна Гора одбележува 20 години од референдумот во 2006 година, кога со 55,5% од гласовите ја обнови државната независност, додека 44,5% гласаа за останување во заедничка држава со Србија.
Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека референдумот бил само прв чекор во градењето на државата и дека денес Црна Гора ја зацврстува независноста и се движи кон европска интеграција.
Тој порача дека државата не ја прават големината или војската, туку способноста на граѓаните да ги спојат разликите во заедничка визија, нагласувајќи ја целта за европска Црна Гора.
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека ЕУ го препознава напредокот на Црна Гора и дека веќе се работи на Договорот за пристапување.
Прославата на јубилејот ќе биде заокружена со концерти во Подгорица и на Цетиње, каде ќе настапат Рики Мартин и Дино Мерлин.
Црна Гора прогласи независност на 3 јуни 2006 година.