Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека специјалните единици на војската и полицијата пронашле експлозив со огромна разорна моќ во непосредна близина на гасоводот „Балкански поток“, кој ги поврзува Србија и Унгарија.

Сомнителни предмети биле пронајдени во реонот на селата Велебит, Трешњевац и Војвода Зимоњиќ во Општина Кањижа, објавија белградските медиуми.

Вучиќ појасни дека два големи пакети експлозив биле пронајдени со помош на кучиња трагачи на само неколку стотини метри од критичната гасна инфраструктура. Според неговите зборови, станува збор за материјал со таква разорна моќ што можел да предизвика огромна штета и да го загрози снабдувањето со енергенси на подолг период.

Претседателот објави дека веќе го информирал унгарскиот премиер Виктор Орбан за случајот, нагласувајќи дека „постојат одредени индиции“ за инцидентот за кои во моментов не смее јавно да зборува.

Опсежната безбедносна акција во Општина Кањижа започна рано утрово по одобрение на Вишото јавно обвинителство во Суботица.

На теренот се ангажирани сите расположливи сили на Управата на криминалистичката полиција и Војската на Србија, вклучително и Специјалната 72-ра бригада.

Како што пренесуваат медиумите, операцијата се спроведува со силна координација од земја и од воздух, при што теренот постојано го надлетуваат хеликоптери.

Поради сериозноста на ситуацијата, полицијата и војската воведоа целосна блокада на повеќе патни правци, особено на потегот меѓу селата Трешњевац, Војвода Зимоњиќ и Велебит.

Безбедносните служби продолжуваат со детално пребарување на пошироката околина за да се осигура безбедноста на виталните објекти.

реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Регион

Како Европската инвестициска банка ја менува економската мапа на Западен Балкан?

Read more

Сите пречки што моментално стојат на патот и како Западен Балкан може да ги надмине за да влезе во Шенген

Read more

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Read more

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Читај повеќе
  • play_arrow

Се судрија американски воени авиони во воздух, пилотите преживеаја

Читај повеќе
  • play_arrow

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Читај повеќе

Како Европската инвестициска банка ја менува економската мапа на Западен Балкан?

Читај повеќе

Воен авион на НАТО собори украински дрон во Естонија

Читај повеќе

Косовец летал со 203 километри на час кај Смоквица

Читај повеќе

Reuters: Кина тајно обучувала руски војници за на украинскиот фонт

Читај повеќе

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Читај повеќе