ЕУ ги одби предлозите на балканските превозници, најавени нови блокади

Европската Унија ги одбила сите предлози на превозниците од Западен Балкан со кои требало да се реши проблемот со нивниот престој во Шенген зоната. Истакнато е дека превозниците донеле одлука за повторна блокада на товарните гранични премини, но засега не е познат точниот датум на новите блокади.

„Последниот состанок со нив беше катастрофален. Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, изјавил претседателот на деловното здружение „Меѓународен транспорт“ Неѓо Мандиќ за „Танјуг“.

На прашањето дали превозниците размислуваат за повторна блокада на товарните премини доколку наскоро не се постигне договор со Европската Унија, Мандиќ изјавил дека одлуката веќе е донесена, но дека се чека усогласување со превозниците од другите земји од Западен Балкан.

„Донесовме одлука повторно да одиме со блокади, но за сè е потребно време, бидејќи мора да ја усогласиме постапката со колегите од другите земји од Западен Балкан. Кога ќе го усогласиме терминот, тогаш ќе го одредиме точниот датум. Мора да се состанеме и да се договориме околу сите детали, така што не знам кога ќе започнат блокадите“, нагласил Мандиќ.

Предлозите што на последниот состанок властите од регионот на Западен Балкан и превозниците ѝ ги упатиле на Европската комисија биле одбиени со коментари дека се „невозможни, премногу креативни и спротивни на Шенген законодавството“, додека било предложено возачите да пријават престој во некоја од поблиските членки на ЕУ, што за превозниците било неприфатливо, прене „Вијести“.

Протестите претходно започнаа на 26 јануари 2026 година со барање професионалните возачи да не се третираат како туристи во Шенген зоната, туку да добијат посебни правила за престој. Блокадите беа суспендирани на 29 јануари по најавата дека Комисијата ќе ги разгледа можните корективни мерки, но по објавувањето на официјалниот став на ЕК дека нема посебни измени за превозниците, се отворија нови реакции и незадоволство меѓу транспортерите.

Тагови
реклама

Регион

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Read more

Игор Додик: Трамп Џуниор ќе донесе инвеститори за хидроцентрали на Дрина

Read more
 

Вести

  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе
  • filter

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе