Некаде пороен дожд, а некаде летни температури

Голема временска прогноза за регионот и Европа за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски услови, може да покаже и вистински зимски временски услови. Сепак, синоптичката ситуација ќе биде таква што се очекува време кое наликува на вистинска пролет.

За претстојниот празник Велигден, времето низ Европа ќе биде многу пријатно и пролетно. Силен циклон ќе има над Западна Европа, а подрачје со висок притисок на истокот од континентот. Ваквата синоптичка ситуација ќе предизвика преовладување на јужни висински струи, па од Медитеранот ќе пристигне топла воздушна маса. Поради претстојните празници, многумина ќе патуваат во различни делови од регионот и Европа, па сите погледи се вперени во временската прогноза.

Словенија, Хрватска, Црна Гора

Првиот ден од викендот низ регионот ќе биде сончев и топол. Самиот Велигден ќе донесе влијание на циклон од запад и многу влажност, па врнежи од дожд се очекуваат во целиот регион, а долж Јадранското Море од словенечкото крајбрежје на север преку хрватското крајбрежје, па сѐ до црногорското и албанското крајбрежје, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Максималната температура ќе има претежно од 20°С до 24°С. Самиот почеток на следната недела ќе донесе почести врнежи и малку посвежо време.

Грција

Во цела Грција за Велигден се очекува сончево и топло време. Небото над Грција од петок до викендот ќе биде претежно ведро, а температурите во Северна Грција и поширокото подрачје на Солун ќе се движат од 20°С до 25°С, а во областите на југот до летни 27°С.

Истанбул

Во поширокото подрачје на Истанбул ќе биде претежно суво и пријатно топло со наизменични сончеви и облачни периоди. Максималната температура ќе се движи претежно околу многу пријатни 20°С.

Виена и Будимпешта

За празничниот викенд ќе биде топло, со променливи сончеви и облачни интервали. Максималната температура ќе биде претежно од 20°С до 22°С. Утрата ќе бидат нешто посвежи, со минимална температура околу 7°С. Сепак, почетокот на неделата ќе донесе облачност со повремени врнежи од дожд, како и малку пониски температури. Циклонска активност од запад ќе донесе облачност и локални врнежи од дожд и грмежи во понеделник, како и малку посвежо време.

Италија

Во текот на викендот и Велигден од Северна Италија и Алпите до јужниот дел на земјата и Сицилија ќе предизвика променливо облачно време, со повремени врнежи и грмежи. Нестабилно ќе биде и на поширокото подрачје на Трст и Венеција, но со повремени сончеви периоди. Најмногу врнежи ќе има во подножјето на Алпите. Максималната температура ќе биде претежно од 16°С до 20°С долж јадранското крајбрежје, а во внатрешноста и на Сицилија од 20°С до 24°С.

Шпанија

Во крајбрежниот дел на Источна и Јужна Шпанија Велигден ќе донесе сончево и топло време, со максимални температури околу 20°С, кои на почетокот на следната недела ќе се искачат до летни 25°С, а локално и до 27°С.

Кипар

Кипар за Велигден го очекува вистинско летно време. Максималната температура во крајбрежјето ќе биде од 25°С до 27°С, а во внатрешноста на Кипар и во Никозија околу 30°С.

Малта

Суво, но нешто попријатно време од Кипар, а максималната температура ќе има вредност меѓу 20°С и 24°С.

Кога станува збор за температурата на морската површина на Средоземното Море, медитеранските води се сѐ уште студени и неповолни за капење и престој во море, со оглед на тоа што температурите главно ќе се движат од 15°С до 18°С.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more

Регион

Полицијата во Нови Сад со пендреци ги тепаше демонстрантите пред факултетот

Read more

Трамп Џуниор дојде во Белград, Вучиќ му печеше прасе

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Полицијата во Нови Сад со пендреци ги тепаше демонстрантите пред факултетот

Читај повеќе

Колку е навистина зависна Америка од Кина?

Читај повеќе

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Читај повеќе

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Читај повеќе

Превртен автомобил во сообраќајка во Аеродром

Читај повеќе

Театарот Сенки и облаци гостуваше во Софија со претставата Свадби на животни и нешта

Читај повеќе

1.570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Читај повеќе

Воен аналитичар: Путин нема причина да ја запре војната

Читај повеќе

Кремљ: Чекаме сигнал од Киев за продолжување на директните преговори

Читај повеќе