Каква плата, таква казна: Нов Закон за сообраќајни прекршоци во Србија

Србија на почетокот од 2026 година ја очекува нов, значително построг Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, чиј нацрт треба да биде готов до крајот на оваа година. Најавените измени носат драстично зголемени парични казни за сообраќајни прекршоци, а една од најзвучните новини е можноста да се одредува висината на казната според приходите на прекршителот, пишува Blic.rs.

Драстично поскапување на казните

Експертите и јавноста се согласни дека постојните казни за поединечни сообраќајни прекршоци се премали. Началникот на Управата за сообраќајна полиција Славиша Лакиќевиќ неодамна порача дека „одредени казни веќе нема смисла да се пишуваат, особено паричните од 3.000 до 5.000 динари“.

Според најавите, следи значително зголемување. „Преκршоци што досега беа казнувани со 10.000 динари (околу 85 евра), сега ќе бидат 20.000, а за поодделни ‘благи прекршоци‘ се планираат санкции и до 50.000 динари“, најави Лакиќевиќ.

Еден од најдрастичните примери е казната за некористење на безбедносен појас или користење на мобилен телефон во возење без hands-free уред. Тековната казна од 10.000 динари може да скокне дури до 50.000 динари. Исто така, се разгледува и одговорноста на возачот за патници кои не користат појас во возилото, за кои би важела иста казна.

Лакиќевиќ објасни и други примери: „Преκршоци што досега беа казнувани со 3.000 динари, во иднина ќе чинат 10.000 динари. На пример, слушање прегласна музика во возилото, така што не можете да слушнете ништо околу себе, ниту другите учесници во сообраќајот.“ Од друга страна, прекршоци за кои беа казнувани со 5.000 динари, како неправилно растојание или пречекорување на брзина во населено место за 10 до 20 километри на час, ќе се казнуваат со 15.000 динари.

Построги мерки за повторените престапници

Една од клучните новини се однесува на возачите кои ги повторуваат прекршоците. Се предлага укинување на можноста за плаќање на половина од казната во рок од осум дена за оние кои вторпат го прават истиот прекршок.

„А кога ќе повтори трет пат, или четврти пат, или повеќе пати прекршок, ќе добие 50 отсто зголемување на паричната казна во фиксна сума“, беше конкретен Лакиќевиќ. Особено строги казни се предвидени за неправилен превоз на деца и правење прекршоци додека децата се во возилото.

Револуционерна идеја: Казна според висината на платата?

Меѓу предлозите од граѓаните кои сериозно се разгледуваат е и оној за прилагодување на казните според висината на примањата, што би претставувало преседан во српското законодавство. Милан Илиќ, советник на директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот, го објасни тој предлог.

„Тоа значи дека ако некој има плата од милион динари и направи сообраќаен прекршок, неговата казна ќе биде значително поголема во однос на некој што има плата од 50.000 динари“, објасни Илиќ, додавајќи: „Мораме да бидеме храбри и прагматични со новите решенија, ако тоа може да спаси барем еден единствен живот во сообраќајот“.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Регион

Кој е водачот на „балканскиот нарко картел“ уапсен во Црна Гора?

Read more

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Read more

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Read more

Вучиќ предложи стратегија за роботизација и формирање на баталјон со беспилотни летала

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе