Протестот на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама ескалираше во насилство вчера пред седиштето на владата во Тирана. Демонстрантите фрлаа молотови коктели, а полицијата одговори со водни топови, при што неколку лица беа повредени и приведени.
Протестот, на кој се бара оставка од премиерот Еди Рама, беше организиран од Демократската партија на Албанија (ДП) со поддршка на други опозициски партии.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и огномет кон зградата на кабинетот на албанскиот премиер, на што полициските сили одговорија со водни топови. Според демонстрантите, биле употребени и солзавец и спреј.
За време на протестот, неколку претставници и поддржувачи на ДП беа повредени во судирите со полицијата, додека полицијата приведе неколку демонстранти.