Луѓето бегаат во паника во Истанбул, властите со предупредувања: Постои страв од посилен земјотрес

По серијата земјотреси што го погодија Истанбул утрово, турските власти апелираат до граѓаните да не влегуваат во потенцијално оштетени згради и да користат мобилни телефони само во итни случаи.

Според министерот за внатрешни работи, Алије Јерликаја, тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби веќе почнале со процена на штетите на терен.

Првите фотографии што пристигнуваат од Истанбул покажуваат вознемирени граѓани како во паника ги напуштаат зградите и се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски. Силниот земјотрес предизвика страв и евакуации во целиот град.

Жителите на Истанбул се во шок по земјотресот. Селин Титер била на работа во деловна зграда на европската страна од градот кога почнал земјотресот, пренесуваат медиумите.

На почетокот, според изјавата, почувствувала како земјата се поместува под неа исфрлајќи ја од рамнотежа. Потоа слушнала длабок татнеж, „како нешто да удираше одоздола“.

„Кога тоа се случи, многумина испаничија. Многумина почнаа да бегаат“, рече таа.

Додаде дека многу луѓе во Истанбул се претпазливи кога станува збор за земјотреси, особено по оние катастрофалните од 2023 година во Турција и во Сирија кога загинаа 55.000 луѓе.

„Повеќето луѓе што живеат во Истанбул знаат дека се очекува голем земјотрес. Луѓето сега се прашуваат – дали ова беше претпотрес?“

Турската агенција за вонредни ситуации објави дека уште три земјотреси се регистрирани во населбата Бујукчемеџе во западниот дел на Истанбул. Поради огромниот број пристапи до веб-страницата на агенцијата, системот привремено беше исклучен, а дополнителни информации се очекуваат во наредните часови.

Последователно, официјалната процена на јачината на земјотресот беше намалена на 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа во Мраморното Море во близина на Истанбул. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 6,2 степени.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралолу, изјави дека нема пријавени штети на патиштата, железниците, аеродромите и на линиите на метрото во Истанбул.

Истанбул, град со повеќе од 16 милиони жители, се наоѓа на Северноанадолскиот расед, познат по својата висока сеизмичка активност. Експертите со децении предупредуваат на уште еден голем земјотрес, само прашање на време е кога ќе се случи, и дека илјадници лошо изградени згради за време на градежниот бум се главната причина за потенцијални трагедии.

Медиумите потсетуваат дека Истанбул неколкупати во текот на историјата бил погоден од разорни земјотреси. Најстрашниот се случил во 1509 година и е познат како мала апокалипса.

Се апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Регион

Парламентарни избори во Албанија, соочени Рама и Бериша

Read more

Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

Read more

Како Вучиќ успеа да слета во Русија?

Read more

Вучиќ се огласи од Москва по проблемите со летот

Read more
 

Вести

САД и Кина постигнаа договор

Читај повеќе
  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе