Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил нов пристап за проширувањето на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добиле статус на „набљудувачи“ во институциите на ЕУ, додека Украина би станала „придружена членка“ без право на глас.

Во писмо испратено до лидерите на ЕУ, Мерц наведува дека процесот на проширување трае предолго и создава фрустрации кај земјите кандидати.

За Западен Балкан и Молдавија, тој предлага „иновативни решенија“, како привилегиран пристап до единствениот европски пазар и поголема вклученост во работата на институциите на ЕУ, вклучително статус на набљудувач.

Во писмото зборува за доделување статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на Европската Унија и одржување заеднички седници на Европската комисија или Европскиот парламент со претставници од земјите од Западен Балкан за прашања кои директно се однесуваат на регионот, пренесува Радио Слободна Европа.

Пет членки на ЕУ бараат интегрирање на земјите кандидати во заедничкиот европски пазар.

„Постепената интеграција би можела да се воспостави преку изградба на блокови кои би можеле да бидат основа за целосна примена на соодветните области на политики, а потоа би била проследена со зголемена поддршка во процесот на спроведување на правната тековина на Европската Унија. Дополнително, би можеле да ја унапредиме споменатата институционална интеграција врз основа на суштински напредок. Сето ова би можело значително да ги приближи земјите кандидати до нас и со тоа да поттикне нова амбиција за понатамошни реформи потребни за постигнување на полноправно членство“, наведува германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Треба цврсто да останеме при нашето ветување дека земјите од Западен Балкан и Молдавија можат да се приклучат на Европската Унија, како што е утврдено со Копенхашките критериуми и предвидено со Солунската агенда од 2003 година. Нашата цел не се промени: завршување на Европската Унија со вклучување на сите земји кандидати во Унијата“, додаде германскиот канцелар.

За Украина, предлогот вклучува статус на „придружена членка“ кој би овозможил учество на состаноци на ЕУ без право на глас и постепено приближување кон законодавството на Унијата.

Мерц нагласува дека овие мерки не го заменуваат процесот на полноправно членство, туку треба да го забрзаат и приближат, без промена на основните договори на ЕУ.

Истакнува дека целта останува полноправно членство на земјите кандидати, но со поголема интеграција уште пред финалниот прием.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Регион

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Read more

Косово денеска излегува на трети избори во 18 месеци

Read more

Макрон: Црна Гора следна членка; Мерц: ЕУ мора да ја покаже својата волја за проширување

Read more

Германија и Франција предлагаат нов модел на проширување на ЕУ за Балканот

Read more

Вести

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Читај повеќе

Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Читај повеќе
  • filter

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Читај повеќе

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Читај повеќе

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Читај повеќе

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Читај повеќе

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Читај повеќе

Трамп: Израел и Иран мора веднаш да престанат со „пукање“

Читај повеќе

Зеленски ја промени рутата на летови кон Европа поради конфликтот со Полска

Читај повеќе