НАТО: Дејтонскиот договор мора да се почитува

НАТО е загрижен за последните случувања во Босна и Херцеговина, предупредувајќи дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како и овластувањата на високиот претставник во таа земја, изјави денеска заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.

„Остануваме загрижени за последните настани во Босна и Херцеговина. НАТО силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор“, рече Шекеринска пред состанокот на Северноатлантскиот совет (НАЦ), кој го сочинуваат амбасадори од земјите-членки на НАТО.

Членовите на Претседателството на земјата Денис Беќировиќ, Жељко Комшиќ и Жељка Цвијановиќ се поканети на состанокот на НАК, на кој ќе се разговара за ситуацијата во БиХ.

Босна и Херцеговина се соочува со уставна криза откако лидерот на босанските Срби Милорад Додик беше уапсен и осуден на еден месец притвор, откако тој одби да одговори на поканата на обвинителството за сослушување како дел од истрагата за обиди за уривање на уставниот поредок.

После тоа, властите на Република Српска донесоа мерки со кои се негира авторитетот на државните институции на територијата на тој ентитет.

„Мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, тој е камен-темелник на стабилноста на државната архитектура на Босна и Херцеговина. Второ, мора да се почитува уставниот поредок во Босна и Херцеговина. Нема да прифатиме никаков безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина и нема да дозволиме тешко стекнатиот мир да биде загрозен“, нагласи Шекеринска.

Таа додаде дека НАТО е подготвен дополнително да ја консолидира соработката со БиХ преку имплементација на својата програма за градење на одбранбените капацитети, преку секојдневните напори на неговото седиште во Сараево, преку тесна соработка со меѓународните партнери, вклучително и операцијата на ЕУ „Алтеа“, која продолжува да ја поддржува преку аранжманот Берлин плус и преку соработката со високиот претставник, чии овластувања мора да се зачуваат.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Регион

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Read more

Албанија го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

Read more

Каква плата, таква казна: Нов Закон за сообраќајни прекршоци во Србија

Read more

Тито постхумно одликуван со Орден на честа во Република Ангола

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе