Нетанјаху: Честитки до мојот голем пријател Милорад Додик

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, им честиташе на Милорад Додик и на неговата Савез независних социјалдемократа (СНСД - Сојуз на независни социјалдемократи) за победата на општите избори одржани во неделата во Босна и Херцеговина. Тој ги опиша Додик и неговите партиски колеги како големи пријатели и најави понатамошно зајакнување на соработката со Република Српска.

„Сакам да им честитам на моите големи пријатели – претседателот Милорад Додик, претседателката Жељка Цвијановиќ, претседателот Саво Миниќ и СНСД – за нивната убедлива изборна победа во Република Српска оваа недела“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа X.

„Со нетрпение очекувам години на блиска соработка и проширување и продлабочување на соработката меѓу нашите народи во областите на технологијата, енергетиката, безбедноста и други сфери“, додаде израелскиот премиер.

На општите избори одржани на 4 октомври, СНСД постигна значителен успех во Република Српска, според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ. Жељка Цвијановиќ, кандидатката на СНСД за српски член на тричленото Претседателство на БиХ, освои втор мандат, додека Саво Миниќ – кандидатот на истата партија за претседател на Република Српска – водеше пред опозицискиот кандидат на СДС (Српска демократска странка), Бранко Блануша, според прелиминарните резултати.

Додик, кој претходно ја загуби функцијата претседател на Република Српска, остана на чело на СНСД и ја прогласи победата на својата партија по изборите.

Во последните години, Додик одржува блиски врски со политичкото раководство на Израел. Тој во неколку наврати го посети Израел, при што се сретна со Нетанјаху и со израелскиот претседател Исак Херцог. Властите на Република Српска настојуваат да ја прошират соработката со Израел, особено во областите на технологијата, економијата, земјоделството и безбедноста.

реклама

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Регион

Уапсен поранешниот српски министер за економија

Read more

Маѓар ја поддржа новата власт во Србија

Read more

12 загинати и 46 повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тракија: Сообраќаен хасо од невидени размери во Бугарија

Read more

Откажан самитот во Белград, загрозена безбедноста

Read more

Вести

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Читај повеќе

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарската комора

Читај повеќе

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе