Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Министерството за надворешни работи на Црна Гора соопшти дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од обновата на независноста да се прикажува како чин насочен против Србија или српскиот народ.

Реакцијата следи по изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој рече дека би „плукнал себеси и на својот народ во лице“ доколку учествува на прослава на отцепувањето на Црна Гора од Србија.

Црногорското МНР нагласи дека Црна Гора ја обновила независноста во 2006 година преку демократски референдум, во согласност со меѓународното право и уставните договори на тогашната државна заедница.

Во соопштението се додава дека Црна Гора и Србија биле рамноправни членки на заедницата по распадот на поранешна Југославија, и дека референдумот овозможил двете држави да продолжат како самостојни држави.

На референдумот во 2006 година за независност гласаа 55,5% од граѓаните на Црна Гора.

Годишнината од обновата на независноста се одбележува на 21 мај, а земјата планира повеќедневна програма по тој повод.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Регион

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Read more

Косово денеска излегува на трети избори во 18 месеци

Read more

Макрон: Црна Гора следна членка; Мерц: ЕУ мора да ја покаже својата волја за проширување

Read more

Германија и Франција предлагаат нов модел на проширување на ЕУ за Балканот

Read more

Вести

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Читај повеќе

Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Читај повеќе
  • filter

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Читај повеќе

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Читај повеќе

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Читај повеќе

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Читај повеќе

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Читај повеќе

Трамп: Израел и Иран мора веднаш да престанат со „пукање“

Читај повеќе

Зеленски ја промени рутата на летови кон Европа поради конфликтот со Полска

Читај повеќе