Регионот гласа: Скопје во „мртва трка“ за најгрд главен град на Балканот

Регионот не штедеше зборови, а меѓу стотиците коментари за најгрдиот град на Балканот, два главни града станаа главни кандидати.

Социјалните мрежи отсекогаш биле совршено место за размена на мислења, а кога се покренува темата за балканските градови, загарантирана е жива и искрена дискусија. Неодамна, на популарниот Reddit, на страницата каде што се собираат луѓе од нашиот регион (r/AskBalkans), се појави прилично директно и провокативно прашање, кое предизвика лавина од коментари.

Објавата што ја започна дискусијата беше: „Сериозно, кој главен град на Балканот е, според вас, најгрд? И зошто?“.

Корисниците од целиот регион не штедеа зборови, а од стотици одговори, главните „фаворити“ за најнепривлечниот главен град јасно се издвоија, со она што многумина го опишаа како „мртва трка“ помеѓу Подгорица и Скопјe.

Најмногу негативни гласови и озлогласената титула дефинитивно ѝ припаднаа на Подгорица, која мнозинството корисници ја издвоија како најмалку привлечна. Многумина се согласија дека на црногорскиот главен град му недостасува шарм и повеќе личи на попатна станица отколку на вистински главен град, а еден од коментарите со најпозитивни оценки го опиша како „некаков случаен град“, пишува Večernji.hr.

Други се обидоа подетално да го објаснат овој став, истакнувајќи ја неговата историја. Како поранешен Титоград, градот бил речиси целосно уништен за време на Втората светска војна, а неговиот сегашен изглед, доминиран од социјалистички реализам и бруталистички блокови, е одбивен за многумина.

„Подгорица е едноставно лоша. Луѓето се прекрасни. Ја сакам земјата, но тоа е најмалку интересниот главен град. Да бидам искрен, Подгорица е главен град само во политичка смисла. Тоа е местото каде што е парламентот и такви работи... Во секој друг поглед, тоа е провинциски град“, заклучи еден корисник.

Главниот град на Северна Македонија, исто така, беше критикуван, главно поради контроверзниот проект „Скопје 2014“, чија цена се зголеми од почетните 80 милиони евра на помеѓу 500 и 700 милиони евра. Проектот се обиде да му даде на градот „класичен“ изглед, но многу архитекти го осудија како „националистички кич“.

„Ресорт и казино 'Цезарс Палас' (попознато како Скопје)“, саркастично забележа еден коментатор.

Многумина ја нарекоа архитектурата „урбан масакр“, истакнувајќи дека Скопје некогаш бил град за живеење.

„Ако го игнорираме масакрот што го направија во центарот на градот, тогаш Скопје изгледа како кој било друг град од поранешна Југославија. Единствената светла точка е старата чаршија, инаку од една страна е дистописка, а од друга целосно балканско предградие“.

Градот беше опишан и како „супер кич“, што, според еден коментатор, го прави забележлив, но „на многу лош начин“.

Интересно е што дури и поголемите метрополи не беа поштедени од критики.

Некои луѓе го критикуваа Белград за изобилството на бруталистичка архитектура и рекоа дека „не е убав во традиционална смисла“, иако нагласија дека е полн со добри кафулиња и има неверојатно добра енергија за живот. Еден корисник исто така спомена дека Загреб не е баш најдобриот град бидејќи многу градови во Хрватска се поубави.

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Регион

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Додека регионот забавува, Западен Балкан забрзува: Светската банка предвидува раст од 3,1%

Read more

Два брода погодени од дронови во Бугарија, едниот потонал

Read more

Вести

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Читај повеќе

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Читај повеќе