Прилично силен земјотрес во 17:31 часот го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина, јавуваат регионалните медиуми.
Потресот се почувствувал и на подрачјето на цела Далмација.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 4,5 степени според Рихтеровата скала и дека се случил на 51 километар североисточно од Сплит, односно 13 километри северозападно од Ливно.
Slobodna Dalmacija пренесува коментари од читатели кои го почувствувале потресот.
„Многу силно тресеше, баш силно“, пишува еден од нив. „Беше ужасно, се слушна некаков звук пред тоа“, додава друг. Читател од Загорје јавил дека силно затресло и дека истрчале од куќата.
„Неколку секунди пред главниот удар почна лесно тресење, а потоа навистина силно затресе“, додал уште еден читател.
Според системот „Андроид Ерткуејк Алертс“, земјотресот се почувствувал на подрачјето на Босна и Херцеговина и Хрватска. Бил почувствуван и во сплитското, макарското, шибенското и дубровничкото подрачје.
ЕМСЦ известува дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под земјината површина.
Засега нема извештаи за материјална штета ниту за повредени лица.
❗Update: #Earthquake (#zemljotres, #potres) M4.4 occurred 13 km NW of #Livno (Bosnia & Herzegovina) 19 min ago (local time 17:31:25). Info at:
— EMSC (@LastQuake) February 17, 2026
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/kRwqeraxoP
🖥https://t.co/Ff542E6thw pic.twitter.com/Bba9g92boT