Советничка на Вучиќ: Измислував вести кога работев за BBC

Портпаролот на BBC, телевизијата за која Сузана Васиљевиќ, советничка на претседателот на Србија која изјави дека „измислувала вести“ кога работела таму, соопшти дека Васиљевиќ никогаш не била вработена во британскиот јавен сервис.

Васиљевиќ беше гостинка на еден телевизиски канал каде зборуваше за тоа како да се спречи ширењето на дезинформации и, на изненадување на присутните, призна дека во 2000 година, додека работела како новинарка за BBC, измислиле војна во Црна Гора - за да можат да поминат три месеци во Свети Стефан.

„Ние во BBC измислувавме приказни за да... Измисливме војна во Црна Гора, односно можноста Милошевиќ да ја нападне Црна Гора во 2000 година, пред неговите последни избори, т.е. Мило Ѓукановиќ, затоа што Мило му го сврте грбот - само за да можеме да поминеме три месеци на Свети Стефан“, рече Васиљевиќ.

Во одговор до N1 Србија, BBC рекоа дека не знаат за што станува збор.

„Не го препознаваме ова реферирање на нашето известување. BBC е најдоверливата медиумска служба во светот и е посветена на точно, независно и непристрасно известување за публиката ширум светот“, соопшти медиумскиот сервис.

Тие нагласија дека Васиљевиќ никогаш не била вработена во BBC, туку дека работела како хонорарна соработничка за британскиот јавен сервис, последен пат во 2012 година.

Тагови
реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Регион

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Read more

Додик: Зеленски се обиде да купи оружје од 400 милиони евра од босанските муслимани

Read more

Додик се закани со прогласување независност на Република Српска

Read more

Шефот на НАТО: Црна Гора промовира мир и стабилност на Западен Балкан

Read more
 

Вести

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Читај повеќе

Откривање портрет и изложба на фотографии во чест на Борис Трајковски

Читај повеќе

Општина Ѓорче Петров почна пилот-проект за селекција на отпад

Читај повеќе

Комисија за заразни болести: Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата

Читај повеќе