Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Србија ги потпиша договорите Artemis во четвртокот, со што стана 69-тата држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. Договорот го потпиша во седиштето на НАСА министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот амбасадор Драган Шутановац и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува Танјуг.

Значење за Србија

Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека приклучувањето кон договорите ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот.

„Србија е посветена на истражување на вселената за мирни цели и почитување на меѓународното право, па затоа овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешки дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, рече Ѓуриќ.

Додаде дека за Србија ова значи приклучување кон кругот на земји со кои САД имаат воспоставено партнерство и пријателска соработка.

Што се договорите Artemis?

Договорите Artemis беа лансирани во 2020 година од НАСА и американскиот Стејт департмент, со поддршка на 7 земји основачи. Иницијативата беше лансирана за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Македонија не е потписник

Македонија го нема потпишано договорот. Од земјите во регионот потписнички се само Грција и Бугарија, а сега им се придружи и Србија.

Тагови
реклама

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Регион

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Read more

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Read more

Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 повредени – 6 потешко

Read more

Пожари во Албанија, топлотниот бран се движи кон Источна и Јужна Европа

Read more

Вести

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Читај повеќе

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија има големи проблеми

Читај повеќе

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Читај повеќе