Србин го принудил 10-годишниот син да пука во 25-годишен маж

Полицијата во Уб го уапси Славко О. (44) под сомнение дека го принудил својот десетгодишен син да пука во маж (25) кој му бил деловен партнер. 

Инцидентот се случил во дворот на црква во село близу Обреновац, а сведок на настанот бил свештеник кој, според информациите од лице место, претрпил шок. Тој раскажал дека, кога го видел автомобилот, првично помислил оти доаѓа верник за да запали свеќа. Повредениот млад човек закрепнува во болница од прострелни рани на рацете, пренесува Telegraf.rs.

Се верува дека мотивот за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, се нерасчистени финансиски прашања поврзани со заеднички бизнис за сеча и продажба на огревно дрво. За време на расправијата, Славко О. извадил пиштол, му го подал на десетгодишниот син и го принудил детето да пука во 25-годишниот маж.

Сосед кој случајно се наоѓал во близина изјавил дека му било необично да види автомобил како влегува во црковниот двор доцна во ноќта. Повеќето мештани сè уште не ги знаат сите детали, но во заедницата владее страв. Соседите го опишуваат повредениот млад човек како исклучително вреден и примерен.

Според достапните информации, Славко О. има претходно досие кое вклучува недозволено поседување оружје, кражба на дрва, насилничко однесување и сообраќајни несреќи. 

„Станува збор за поединец кој со години се појавува во полициските евиденции и е добро познат на сите оперативци на терен. Неговото досие содржи низа пријави, од недозволено поседување оружје и кражба на дрва до насилничко однесување и инциденти во сообраќајот. Сепак, дури и најискусните инспектори на случајот биле згрозени од фактот што тој го искористил сопственото десетгодишно дете како 'машина за пукање', ставајќи му наполнет пиштол во рацете“, открива извор запознаен со истрагата.

Полицијата брзо го обезбедила местото на настанот. Десетгодишното дете е безбедно, а пронајденото оружје е испратено на форензичка анализа. Повредениот 25-годишник добил болнички третман и е надвор од животна опасност. 

Осомничениот е задржан во притвор во траење до 48 часа, а предметот го презеде Вишото јавно обвинителство. Поради вклученоста на дете во инцидентот, итно беше ангажиран Центарот за социјална работа за да му обезбеди правна и психолошка поддршка на момчето.

Тагови
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Регион

Студентите во Србија предупредуваат на „фантомски гласачи“

Read more

Единаесет морнари се водат како исчезнати откако дрон потопи брод кај бугарскиот брег

Read more

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Read more

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Read more

Вести

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Читај повеќе

Утре сончево време со температура до 20 степени

Читај повеќе

Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Читај повеќе

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Читај повеќе

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Читај повеќе
  • play_arrow

Нè уби туѓ срам за новата портпаролка на Трамп

Читај повеќе

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

Читај повеќе
  • play_arrow

Азербејџан забрани хиџаб во училиштата - 37 уапсени откако избувнаа протести

Читај повеќе