Српски министер доживеа мозочен удар во ТВ-емисија во живо

Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ доживеа мозочен удар утрово за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк.

Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.

Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде набрзо пристигна и српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.

Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.

Главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, изјави дека состојбата на Глишиќ е тешка.

„Ги добивме најновите информации за состојбата на Дарко Глишиќ. Операцијата е во тек, министерот Глишиќ е стабилен, но сè уште нема прогнози, неговата состојба е многу сериозна, неговиот живот е во опасност, во тек е хируршка интервенција. Тромб му го блокирал крвниот сад што води до мозокот. Многу е тешко да се даде каква било прогноза во овие ситуации“, рече Вучиќевиќ.

Тагови
реклама

Регион

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Read more

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Read more

Додик: Зеленски се обиде да купи оружје од 400 милиони евра од босанските муслимани

Read more

Додик се закани со прогласување независност на Република Српска

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе