Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 повредени – 6 потешко

Два воза се судрија утрово кај Крижевци во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец. Во судирот учествувале товарен воз на HŽ Cargo и патнички воз на HŽ Putnički prijevoz.

Фото: Prigorski.hr

Според последните информации од хрватското Министерство за здравство, повредени се 20 лица, од кои 6 потешко, а 14 полесно.

Во патничкиот воз во моментот на несреќата имало околу 20 патници. Во Општата болница во Бјеловар биле згрижени 7 повредени лица. Најтешко повредена е помлада жена, која е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Дел од повредените се пренесени и во болници во Загреб, додека се очекува дел од полесно повредените да бидат згрижени и во болницата во Копривница.

Несреќата се случила во 10:05 часот на пругата меѓу Свети Иван Жабно и Градец. На местото се полицијата, итната медицинска помош, пожарникарите и други надлежни служби.

/center>

Пругата на оваа делница е затворена за сообраќај.

Претседателот на Управата на HŽ Infrastruktura, Дамир Лончариќ, изјави дека во несреќата нема загинати и дека е прерано да се зборува за причините.

„За причините и сите околности на несреќата во овој момент е прерано да се зборува, бидејќи тоа е предмет на истрага“, изјави Лончариќ.

Полицијата соопшти дека добила пријава за судирот околу 10:08 часот и дека во тек е увид.

Причините за судирот засега не се познати, но во меѓувреме пристигна информација дека товарниот воз поминал на црвено светло.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Регион

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Read more

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Read more

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Read more

Загреб се поврза со Пекинг

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе