Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, во заеднички авторски напис за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ), повикаа на забрзан процес на интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија.

Тие предлагаат пат кон ЕУ што би подразбирал постепена интеграција во единствениот пазар и Шенген зоната, но без право на вето за новите членки.

Вучиќ и Рама ја опишаа својата идеја како функционална делумна интеграција што би послужила како меѓучекор за оживување на процесот на проширување на ЕУ и зголемување на стабилноста во регионот. Нивниот предлог вклучува постепена интеграција во единствениот пазар и Шенген зоната, но без право на комесар во Европската комисија, претставник во Европскиот парламент и право на вето, кои се права што ги уживаат полноправните членки.

Процесот на пристапување кон ЕУ за Србија и другите земји од Западен Балкан е во стагнација со години, бидејќи земјите-кандидатки не постигнаа доволен напредок во клучните области како што се владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и судските реформи.

„Во нашиот дел од Европа, во Западен Балкан - регион географски опкружен со ЕУ и историски поврзан со нејзината европска судбина - перспективата за членство останува најсилниот двигател на реформите, инвестициите и помирувањето“, напишаа лидерите на Србија и Албанија.

Во своето обраќање до Европската унија, тие рекоа: „Крајно време е ЕУ да препознае дека Западен Балкан претставува нов фронт за инвестирање во силата на Унијата“. Тие изјавија дека земјите-кандидатки сега заеднички бараат „реалистичен пат“ кон полноправно членство.

Забрзаната интеграција на подготвените кандидати, тврдат тие, би можела „да ја зајакне економската и политичката позиција на ЕУ, без да ја оптовари архитектурата на донесување одлуки на Унијата“.

Србија аплицираше за членство во ЕУ уште во 2009 година, но преговорите се во застој оттогаш. Покрај надворешната политика на Белград, лидерите на ЕУ изразија загриженост и за слободата на медиумите, реформата на изборниот закон и состојбата на граѓанското општество.

Албанија, заедно со Црна Гора, се смета за еден од најверојатните кандидати за пристапување во ЕУ. Сепак, борбата против корупцијата останува еден од најголемите предизвици.

реклама

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Регион

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Read more

Игор Додик: Трамп Џуниор ќе донесе инвеститори за хидроцентрали на Дрина

Read more

Синовите на Трамп и Додик ќе се сретнат денеска во Бања Лука

Read more

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе