Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп двапати во наредните денови

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека ќе се сретне двапати со американскиот претседател Доналд Трамп во следните три до четири дена, пренесува Anadolu.

„Ќе се сретнам двапати, од различни причини, во следните четири дена. Не ме фаќајте за збор, ги измешав датумите и временските зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника „Тиршова 2“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе се сретне со американскиот претседател, додавајќи дека „сè ќе се случи во следните три до четири дена“.

Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџа Мелони да го посети Белград во август или септември, која ја опиша, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како една од најмоќните жени во светот.

На прашањето на новинарите дали е подготвен по САД и Русија да „мавта низ Ниш“, Вучиќ рече дека не сака да го користи тој збор откако го користеле „блокадерите“, термин на Вучиќ за учесници во студентските протести и луѓе кои тивко им оддаваа почит на загинатите при уривањето на настрешницата.

„Подготвен сум за сериозен разговор со граѓаните на Ниш, за сериозни договори за иднината на Србија, а потоа ќе одам во Крагуевац, Нови Сад и на сите други места“, рече Вучиќ.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Регион

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Read more

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Read more

Загреб се поврза со Пекинг

Read more

Камионџиите и Шенген: ЕК не го менува правилото од 90 на 180 дена, предлага друго

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе