Српскиот петседателот Александар Вучиќ синоќа беше гостин во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк. Во емисијата беа прикажани снимки од надзорни камери кои наводно се направени неколку часа пред уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Вучиќ нагласи дека на снимката се гледа Миша Бачулов, опозициски политичар и член на Собранието на Нови Сад. На снимката се вели дека е направена на 1 ноември минатата година помеѓу 8:00 и 8:45 часот. Настрешницата се урна во 11:52 часот.
„Ја добивме снимката. Три часа пред уривањето на настрешницата, го гледаме Миша Бачулов како зашеметено шета, а никој од полицијата не ни го кажа тоа. Зошто никој не знаеше за тоа? Зошто никој не ни кажа ‘можеби има некаква трага таму?’“, нагласи Вучиќ, пренесува Телеграф.
„Замислете да беше вистина дека се случило нешто друго. Како знаевте веќе на 2 ноември што се случило без експертски извештај? Како никој од нас не знаеше 11 месеци дека има снимки на кои се прикажани чудни луѓе“, продолжи тој.
„Зошто одредени структури во државата го криеја сето ова? Ќе беше исправно да се знае, да се повика на разговор, сите други да го видат. Веднаш беше прифатена само една верзија, а тоа беше корупција. Никој не презентираше ниту еден доказ“, рече тој.
„Зборувавте за компании блиски до режимот, никој ништо не ни покажа, освен дека малтретирате семејства. Не само што никој никогаш не докажал корупција, туку ќе видите дека нема да ја докажат. Тоа беше работа на која сите се горди, нормална, која се гради и никој не може да ми ја одземе таа гордост“, тврдеше тој.
„Секако дека сум тажен и сакам правда. Единствената трагедија полоша од ова е да се обвини некој што не е виновен, а ние веќе донесовме пресуда и потоа тие почнаа со тоа. Тие плетат мрежа за на крајот да ме уапсат и да ја спроведат револуцијата до крај. Не можат да ги најдат моите пари, богатство. Не можат да најдат ништо за мене“, рече српскиот претседател.
Тој рече дека сè уште верува дека Бачулов „не направил ништо“. „Не мислам дека направил, не мислам, се надевам, верувам дека не направил ништо. Дали се качил на воз, иако не го користи возот, оди со автомобили, па беше чудно што го користел возот истиот ден. Или нешто друго, три часа порано. И зошто никој не знаел за тоа“, се прашуваше Вучиќ.
Во уривањето на настрешницата загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено. Ова е причината за масовни антивладини студентски и граѓански протести, блокади на патишта и институции, барање санкционирање на одговорните во српската влада за таа голема трагедија.