Вучиќ: Србија се издигна како феникс од пепелта

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера повторно зборуваше за односите со Хрватска. Тој тврди дека Загреб го блокира европскиот пат на Србија.

„Зошто нашите соседи не сакаат да бидеме во ЕУ? Причината е едноставна. Тие мислеа дека во моментот кога ќе влезат во ЕУ и НАТО и кога оние кои не се однесуваа кон нивната земја, да кажам, како домаќин, ќе бидат на власт во Србија, дека сè е готово и дека ќе станат доминантна сила од Триглав до Истанбул на различни начини, а секако и во областа до Бугарија и Грција“, рече Вучиќ, објавија српските таблоиди.

„Откако Србија се издигна, буквално како феникс од пепелта, се разбуди и стана посилна, тие сакаат да ја ограничат силата на Србија. И во тоа нема голема филозофија. Затоа се обединети со Приштина, Тирана и сите други“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за отворањето на Кластер 3 во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ (пакет од осум поглавја поврзани со медиумите, социјалната политика и вработувањето, претприемништвото и индустријата, образованието и културата и царинската унија), Вучиќ рече дека не е оптимист.

„Направивме сè, се обидовме, кога ќе се донесе одлука кластерот да не се отвори, тогаш е подобро Ана Брнабиќ да ви каже зошто тоа не се случи. Јас би бил најсреќен ако се отвори“, рече Вучиќ.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Регион

Нетанјаху: Честитки до мојот голем пријател Милорад Додик

Read more

Што им носи новиот модел на проширување на ЕУ на земјите од Западен Балкан?

Read more

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Read more

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе