Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

9 јануари 1908 година, родена е писателката и феминистка Симон де Бовоар

На денешен ден, 9 јануари, во 1908 година, во Париз родена е Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф, авторка на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Авторка е на делото „Вториот пол“, 1949 г. Таа била истакната современа феминистичка писателка. Нејзиниот главен придонес за феминистичката теорија е аргументот дека во патријархалната култура, мажественоста е поставена како позитивна норма, а женското или женственоста е поставена како негативна, или како она што Де Бовоар го нарекува „Другото”. Таа верува дека Другоста е фундаментална категорија во човековото мислење. Според неа, идентитетот на жената како Друг и нејзиното суштинско отуѓување произлегуваат делумно од нејзиното тело, особено репродуктивниот капацитет, и делумно од историската поделба на трудот диктирана од бременоста и одгледувањето на децата. Де Бовоар тврди дека жените треба да ја зајакнат нивната рационалност и критичка моќ со цел да достигнат трансцеденција.

Уште на 15 години, Симон одлучува дека ќе стане позната писателка. Таа е успешна во многу предмети, но особено ја интересира филозофија и токму тоа го студира на Универзитетот во Париз. На факултетот Симон се сретнува со многу млади интелектуалци меѓу кои и Жан Пол Сартр.

Клучните концепти на феминистичкото движење во 1970-тите се директно поврзани со идеите за родот како социјална конструкција презентирани во „Вториот пол“. И покрај нејзиниот придонес во феминистичкото движење, особено ослободителното движење на француските жени, и нејзините верувања во економската независност на жените и еднакво образование, Де Бовоар не сакала да се нарече феминистка. Сепак, по набљудувањето на оживувањето на феминистичкото движење во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Де Бовоар изјавила дека таа повеќе не верува дека социјалистичката револуција е доволна за ослободувањето на жените. Таа јавно самата се прогласи за феминистка во 1972 година, во интервју за „Le Nouvel Observateur“.

Бовоар умира од пневмонија на возраст од 78 години. Закопана е до Сартр на гробиштата Монпарнас во Париз. По нејзинта смрт нејзинта репутација се зголемува. Особено во академијата, таа се смета за мајка на пост-феминизмот (1968). Во 2006 година градот Париз именува мост во чест на оваа француска писателка и феминистка, мостот се вика Passerelle Simone-de-Beauvoir и води до Националната библиотека во Париз.

Свет

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Read more

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Read more

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Read more

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more