Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Британските обвинители побараа екстрадиција на Ендрју и Тристан Тејт од Соединетите Американски Држави во Велика Британија откако против нив беа покренати 38 нови обвиненија. Тие се обвинети за силување и трговија со луѓе за сексуална експлоатација, а американските федерални маршали ги уапсија во саботата во Мајами.

Ендрју (39) и Тристан (37) Тејт, кои стекнаа популарност на социјалните мрежи, ги негираат сите обвинувања. И двајцата имаат двојно британско и американско државјанство, а по апсењето треба да се појават пред федералниот суд, каде што ќе започне постапката за нивна екстрадиција, пишува BBC.

Кои се Ендрју и Тристан Тејт?

Ендрју Тејт, кој се опишува себеси како мизогинист, првпат се појави во јавноста во 2016 година со учеството во британската верзија на реалното шоу „Големиот брат“. Тој беше исфрлен по само шест дена поради снимка на која физички напаѓа жена. Во тоа време, Тејт тврдеше дека видеото е монтирано и го нарече „целосна лага за да го прикажат во лошо светло“.

Денес, поранешниот кикбоксер има повеќе од 10 милиони следбеници на платформата X и е признат глобално. Во своите видеа, тој често прикажува луксузен живот, скапи автомобили, приватни авиони и јахти. Неговиот профил на таа социјална мрежа беше привремено суспендиран откако рече дека жените треба да „носат одговорност“ за сексуална злоупотреба, но подоцна беше вратен. Тристан е неговиот помлад брат.

За што се обвинети браќата?

Британското обвинителство (CPS) соопшти во неделата дека Ендрју Тејт е обвинет по седум точки за силување, три точки за организирање трговија со луѓе за сексуална експлоатација, три точки за тешки телесни повреди и 19 точки за непристојни слики од деца и екстремна порнографија.

Новите обвиненија против Тристан Тејт вклучуваат две точки за силување, едно точки за сексуален напад и три точки за организирање трговија со луѓе. Наводните злосторства се извршени помеѓу јули 2010 и август 2017 година.

Браќата Тејт живееја во Романија, каде што се исто така под истрага. Полицијата од Бедфордшир доби европски налози за апсење во 2024 година за нивна екстрадиција од Романија по завршувањето на постапките таму. И двајцата ги негираат сите обвиненија и можеле да патуваат во САД откако ограничувањата за нивното движење во Романија беа укинати на почетокот на 2025 година.

Постапка за екстрадиција

Портпаролот на Министерството за правда на САД потврди дека апсењата се извршени „во согласност со постапката за екстрадиција“. Велика Британија и Соединетите Американски Држави имаат договор за екстрадиција што се однесува на кривични дела казниви со најмалку една година затвор во двете земји.

Во такви случаи, британското јавно обвинителство подготвува барање што мора да го потврди судија. Потоа барањето се испраќа до Министерството за внатрешни работи, кое го проследува преку дипломатски канали до американските власти. Државниот секретар на САД одлучува дали да го прифати барањето, по што го разгледуваат американските судови, а конечната одлука ја донесува државниот секретар Марко Рубио.

Адвокатот на браќата Тејт, Џозеф Мекбрајд, објави на платформата X дека браќата ќе се појават на суд денеска. Во изјава по апсењето, тој рече: „Светот знае дека Ендрју и Тристан се невини. Нивните непријатели го знаат тоа најдобро и токму затоа беа нападнати“.

Мекбрајд ги опиша новите британски обвиненија како „политичка пресметка“ и тврдеше дека тие се дизајнирани како одговор на тужбата за клевета поднесена од браќата во САД. 

„Уверени сме дека Ендрју и Тристан Тејт ќе бидат ослободени штом надлежниот судија ќе ги види фактите и штом Министерството за правда ќе се соочи со оваа груба злоупотреба на сопствените овластувања. Америка не врши валкана политичка работа за Британија“, заклучи тој.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Свет

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Read more

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Read more

Унгарија деноноќно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Вести

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Читај повеќе

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Читај повеќе
  • play_arrow

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Читај повеќе

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Читај повеќе

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Читај повеќе

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Читај повеќе

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Читај повеќе

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Читај повеќе