Астронаутите Овчинин, Вагнер и Петит успешно слетаа по 6 месеци поминати во Вселената

Макфакс
/ 20.04.2025 / 11:51

Руско-американскиот вселенски екипаж, кој повеќе од шест месеци престојуваше на Меѓународната вселенска станица, денеска се врати на Земјата со вселенскиот брод Союз МС-26, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Астронаутите на Роскосмос, Алексеј Овчинин и Иван Вагнер, заедно со астронаутот на НАСА, Доналд Петит, се вратија по мисијата која започна на 11 септември минатата година. Според Роскосмос, „излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвивале нормално“, а капсулата слетала во Казахстан, во близина на градот Жезказган.

Мисијата претставуваше дел од континуираната соработка помеѓу двете најголеми вселенски сили – САД и Русија – дури и во услови на геополитички тензии на Земјата.

Во меѓувреме, на 8 април годинава, вселенскиот брод Союз МС-26 беше лансиран во орбитата со тројца нови членови на екипажот – Американецот Џони Ким и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицкиј.

Овие тројца им се приклучија на постоечкиот екипаж на Меѓународната вселенска станица, кој го сочинуваа Американците Доналд Петит, Ен МекЛејн и Никол Ајерс, Русите Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Кирил Песков, како и Јапонецот Такуја Ониши.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Колку склекови треба да можете да правите според вашата возраст?

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Свет

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Read more

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Катар евакуираше делови од Доха

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе