Барот во Швајцарија никој не го проверувал 5 години: Прскалките сега се забранети

Макфакс
/ 06.01.2026 / 13:54

Ски-барот што изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки 5 години, открија швајцарските власти на прес-конференција.

Во трагедијата во „Le Constellation“ во одморалиштето Кран-Монтана загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. Властите, исто така, објавија итна забрана за употреба на прскалки во локалните ресторани откако прелиминарната истрага покажа дека тие се веројатна причина за пожарот, јавува BBC.

Пожарот избувнал во раните утрински часови на 1 јануари во подрумот на популарниот бар кој бил преполн со гости, претежно млади луѓе.

Жртвите се на возраст меѓу 14 и 39 години, а меѓу повредените има најмалку 12 различни националности, од кои 83 сѐ уште се во болница. Трагедијата доведе до кривична истрага против францускиот пар кој го водел барот, кои се осомничени за убиство од небрежност, телесни повреди од небрежност и подметнување пожар од небрежност.

Градоначалникот на Кран-Монтана, Никола Феро, потврди дека барот „Le Constellation“ не бил подложен на никакви безбедносни проверки, истраги или ревизии во последните 5 години. „Жалиме за ова – им го должиме тоа на семејствата и ќе ја прифатиме одговорноста“, рече Феро.

Тој објасни дека тим од само пет лица вршел проверки во област со повеќе од 10.000 згради, вклучувајќи ресторани и хотели.

Градоначалникот нагласи дека властите сакале да бидат транспарентни „веднаш“ штом го откриле овој пропуст и истражуваат зошто се случил. Исто така, беше најавена целосна ревизија на сите објекти во областа.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Свет

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Read more

Нè уби туѓ срам за новата портпаролка на Трамп

Read more

Азербејџан забрани хиџаб во училиштата - 37 уапсени откако избувнаа протести

Read more

Масовен штрајк во Ирска: 300.000 вработени во јавниот сектор не се на работа

Read more

Вести

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Читај повеќе

Утре сончево време со температура до 20 степени

Читај повеќе

Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Читај повеќе

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Читај повеќе

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Читај повеќе
  • play_arrow

Нè уби туѓ срам за новата портпаролка на Трамп

Читај повеќе

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

Читај повеќе
  • play_arrow

Азербејџан забрани хиџаб во училиштата - 37 уапсени откако избувнаа протести

Читај повеќе