BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Спасувачките екипи ги расчистуваа урнатините и ги отстрануваа остатоците од 20-катна зграда во Петах Тиква, погодена преку ноќ од иранска ракета, која направи голема дупка во неа и уби најмалку четири лица, објави BBC.

Две од жртвите биле во засолниште во времето на нападот, а според прелиминарната истрага, ракетата удрила во ѕид помеѓу две засолништа кои не можеле да издржат директен удар. Третата жртва била на катот над засолништето.

Жителите на преостанатите три згради во комплексот, исто така тешко оштетени, се обидувале да стигнат до своите станови за да соберат лични работи бидејќи не знаат кога ќе можат да се вратат. Околу 300 станови сега се празни, а семејствата што живееле во нив сега се раселени.

Нападот се случил околу 4 часот наутро и не е јасно која била точната цел. Тоа е станбена зона и нема стратешки цели во близина. Израел го обвини Иран дека намерно таргетира цивили како дел од својот одговор на масовните израелски напади.

Расположението кај многу Израелци се промени. Многумина мислеа дека софистицираниот систем за воздушна одбрана на земјата е непробоен, што се промени откако Иран го изврши својот одмазднички напад. Израелските власти велат дека повеќеслојниот систем за воздушна одбрана останува отпорен, но не и совршен.

Иран испука ракети врз неколку големи израелски градови утрово, со што бројот на жртви достигна 11 на четвртиот ден од воената ескалација меѓу двете земји.

Фотографиите на AFP од Тел Авив покажуваат погодени згради додека пожарникарите бараат преживеани. Други ракети ги погодија градовите Петах Тиква и Бнеи Брак, во близина на Тел Авив, и Хаифа на север, испуштајќи црн чад.

На 13 јуни, Израел започна напад врз Иран од невидени размери, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, со цел да се спречи Техеран да развие атомско оружје.

Во нападите загинаа најмалку 224 лица, а беа повредени над 1.000 лица во Иран, според официјален извештај објавен вчера.

Според кабинетот на израелскиот премиер, во иранските ракетни напади врз Израел загинаа 24 лица од петокот. Само во понеделник загинаа 11 лица, вклучувајќи осум во Петах Тиква, Бнеи Брак и Хаифа.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Свет

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Read more

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Read more

Иран заплени десетици Starlink антени

Read more

Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе