Британската монархија во нов проблем: Пронајден документ за профит од робови на Карибите

Макфакс/Кајгана
/ 08.08.2025 / 09:45

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.

Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823-1824 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува околу 103.000 фунти или околу 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада каде што работеле стотици поробени луѓе.

Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот „раскошен начин на живот“.

Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.

Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.

Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде „само врвот на ледениот брег“.

Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдиле наодите на Баптист.

Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.

Бакингемската палата не даде коментар на извештајот.

Крал Чарлс претходно изрази жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржа академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе Reuters.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Свет

Канада возврати на САД: Стапија во сила царини до 50%

Read more

Играњето на Трамп со мапата предизвика дипломатски скандал: Американскиот амбасадор во Исланд повикан на разговор

Read more

ЕУ му дава на Гренланд 200 милиони евра: Неговата иднина е со Европа

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Вести

Мицкоски: Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред 3 години

Читај повеќе
  • filter

8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

Читај повеќе

Канада возврати на САД: Стапија во сила царини до 50%

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај вечер во Скопје

Читај повеќе

Играњето на Трамп со мапата предизвика дипломатски скандал: Американскиот амбасадор во Исланд повикан на разговор

Читај повеќе

Ахмети: Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица со контра видео: Сè што не собра во славеничкото видео на власта

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме таква ќе имаме, да ги искорениме криминалот и корупцијата, да изградиме праведно општество

Читај повеќе

Демократски сојуз: Тежок пат до независност

Читај повеќе