Бројот на исчезнати во поморската несреќа во која загинаа најмалку 8 лица кај северниот брег на Кипар се искачи на 20, објавија турските власти.
Претходната проценка беше 18 исчезнати. Траектот се преврте вчера кратко по напуштањето на пристаништето Киренија и пловеше кон Мерсин во Јужна Турција. На бродот имало 267 лица, вклучувајќи 259 патници и 8 членови на екипажот.
Капетанот на фериботот, 7 членови на екипажот и директорот на компанијата што управуваше со бродот беа изведени на суд во Киренија во Северен Кипар, објави телевизијата BRT.
Заменик-полицискиот комесар Мехмет Манас изјави за дневниот весник Kıbrıs Postası дека имало пукнатина во предниот лев дел од бродот поради што водата влегла во фериботот, предизвикувајќи да се преврти и потоне.
Сите осуммина починати се турски државјани.