Бројот на жртви во несреќата со жичницата во Лисабон се зголеми на 17

Макфакс
/ 04.09.2025 / 11:35

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата Gloria излета од шините, се искачи на 17, додека 21 лице е повредено, од кои 7 се со тешки повреди, соопшти денеска португалската цивилна заштита.

Полицијата претходно објави дека 15 лица се настрадани, но уште две починале во текот на ноќта, пишува португалскиот портал Executive Digest.

Директорката на португалската цивилна заштита, Маргарида Кастру Мартинш, изјави дека меѓу жртвите има четворица Португалци, двајца Германци, двајца Шпанци, еден Јужнокореец, еден Каповертски жител, еден Канаѓанец, еден Италијанец, еден Французин, еден Швајцарец и еден Мароканец.

Жичницата превезувала повеќе од 40 лица во времето на несреќата, кога излетала од шините и удрила во зграда.

Властите веруваат дека несреќата е предизвикана од лабав кабел или дефект на сопирачките, пренесува Танјуг.

Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажаа дека светложолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.

„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза ​​д’Аву. „Но, излета од кривината и удри во зграда“. Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица со полна брзина. „Удри во зградата со брутална сила и се сруши како картонска кутија, немаше сопирачки“, рече сведокот.

Португалската влада прогласи ден на национална жалост и три дена жалост во Лисабон.

Бригадата на судската полиција беше повикана да ја испита причината за несреќата на жичницата Gloria, која може да прими до 42 патника и е обележје на Лисабон, кое е многу популарно меѓу туристите. Жичницата е отворена пред повеќе од еден век – во 1885 година.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Свет

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Read more

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Read more

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Read more

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Вести

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе