Цените на јајцата во Америка се на рекордно ниво, тоа е проблем за Трамп

Макфакс
/ 11.04.2025 / 08:16

Според последните официјални податоци, цената на јајцата во САД достигна рекордни 6,23 долари за 12 јајца.

Тоа е лоша вест за Доналд Трамп, кој постојано ветуваше дека ќе ги намали цените на јајцата за време на неговата изборна кампања.

Зошто јајцата се толку политички важни? Во САД, цената на јајцата често се користи како показател за општите трошоци за живот, од политичарите од двете партии. Станува збор за бројка која симболично ја претставува пошироката слика за цените во економијата.

Минатиот месец Трамп во говор рече дека неговиот претходник Џо Бајден „пуштил цените на јајцата целосно да излезат од контрола“.

Џејда Томпсон, аналитичарка за земјоделска економија на Универзитетот во Арканзас, вели дека потрошувачите сè уште не го гледаат падот на цените на јајцата на полиците бидејќи цените на големо почнаа да се намалуваат само во средината на март, па можеби немаше доволно време тоа да се одрази на просечната месечна цена.

Таа додаде дека продавниците не спроведоа веднаш пониски цени и дека има длабоки причини за високите цени кои не можат да исчезнат преку ноќ. Нејзиниот коментар доаѓа откако претседателот Доналд Трамп минатиот месец рече дека цените на јајцата се „паднати за 35%“ и ја пофали секретарката за земјоделство Брук Ролинс за „добрата работа“ во намалувањето на цените.

И покрај тоа, цената на јајцата и понатаму е за 75% повисока од истиот период минатата година, во споредба со шест други основни производи – пилешко, сок од портокал, мелено говедско месо, сланина и леб.

Поради големите флуктуации на цените на јајцата, зголемен е шверцот на јајца. САД побараа од другите земји да го зголемат извозот, а Министерството за правда отвори истрага за причините за таквото поскапување, што се крие во епидемијата на птичји грип во Америка и големата побарувачка. Со претстојниот празник Велигден цените би можеле дополнително да се зголемат.

Тагови
реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Свет

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Read more

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Read more

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Read more

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе