Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Макфакс
/ 11.05.2026 / 18:06

Цените на нафтата денес пораснаа на меѓународните пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп го опиша одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната како неприфатлив, предизвикувајќи стравувања од понудата бидејќи Ормускиот Проток останува во голема мера блокиран.

На лондонскиот пазар, барел сурова нафта од типот Брент се тргуваше по 103,19 долари попладнево, што е за 1,9 долари или речиси 2% повеќе од затворањето во петокот. Барел WTI на американскиот пазар се продаваше по 96,98 долари, што е за 1,56 долари или 1,6% повеќе.

Утрово, цените накратко достигнаа 105,99 долари за барел за Брент и 100,37 долари за WTI, пред да се корегираат пониско. Минатата недела тие затворија со пад од 6% со надеж за крај на конфликтот и отворање на Ормускиот Проток за транзит на нафта.

Претседателот Трамп вчера изјави дека одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната е „тотално неприфатлив“. Иранската новинска агенција تسنیم (Тасним), повикувајќи се на добро информирани извори, изјави дека иранскиот одговор испратен до САД преку пакистански посредник ја нагласува потребата од прекин на војната на сите фронтови и укинување на санкциите врз Техеран, како и прекин на поморската блокада на Иран и иранска контрола врз Ормускиот Проток.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Свет

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток

Read more

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Read more

Трамп: Израел и Иран мора веднаш да престанат со „пукање“

Read more

Зеленски ја промени рутата на летови кон Европа поради конфликтот со Полска

Read more

Вести

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток

Читај повеќе

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Читај повеќе

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Читај повеќе

Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Читај повеќе
  • filter

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Читај повеќе

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Читај повеќе

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Читај повеќе

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Читај повеќе

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Читај повеќе