Џеј Ди Венс: Европа не може да биде траен вазал на САД

„Европа е наш сојузник, но не може да биде траен вазал на САД во однос на безбедноста и трговијата“, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за британската веб-страница UnHerd.

„Ја сметаме Европа за наш сојузник. Ние едноставно сакаме сојуз во кој Европејците ќе бидат малку понезависни, а тоа ќе се одрази на нашите безбедносни и трговски односи“, рече Венс, кој постојано ги напаѓа европските лидери. „Не е добро за Европа и не е во интерес на Америка Европа да биде постојан вазал на САД во однос на безбедноста“, посочи тој.

Откако се врати во Белата куќа, Доналд Трамп ги повика Европејците да трошат повеќе за сопствената одбрана и остро ја критикуваше Европската Унија, обвинувајќи ја дека води нефер трговска политика кон САД. Венс, исто така, постојано ги критикуваше европските лидери, велејќи во говорот во Минхен во февруари дека тие не се борат доволно цврсто против имиграцијата и дека слободата на говор е под закана во Европа.

„Реалноста е - брутално е да се каже, но вистина е - дека целата европска безбедносна инфраструктура е субвенционирана од САД откако јас сум роден“, ја осуди Венс Европа во интервјуто за британската информативна веб-страница.

Тој додаде дека со исклучок на Франција, Велика Британија и Полска, повеќето европски земји немаат армии способни да гарантираат разумна одбрана.

На почетокот на март, тој ги шокираше Европејците со изјавата дека за Украина, склучувањето економски договор со САД ќе биде подобра гаранција за безбедноста од 20.000 војници од земја која не водела војна 30 или 40 години.

„Мислам дека понезависна Европа не е лоша за САД“, нагласи тој, велејќи дека верува оти посилна Европа можела да ја избегне стратешката катастрофа од војната што ја започна во Ирак коалицијата предводена од САД во 2003 година во минатото.

Осврнувајќи се на преговорите меѓу Лондон и Вашингтон за склучување билатерален економски договор, Венс рече дека имаат добри шанси да резултираат со одличен договор кој ќе биде во најдобар интерес на двете земји.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Свет

Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Read more

По студениот бран, Европа се соочува со нагло затоплување

Read more

Кои се талибанците кои наскоро ќе дојдат во Брисел на покана на претставници на ЕУ?

Read more

Дали Романија и Молдавија ќе се обединат во една голема европска држава?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Читај повеќе

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Читај повеќе

Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица

Читај повеќе

Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Читај повеќе

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Читај повеќе

По студениот бран, Европа се соочува со нагло затоплување

Читај повеќе
  • play_arrow

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Читај повеќе

Филипче: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Читај повеќе

Војната во Иран веќе ги чинеше компаниите 25 милијарди евра: Кој сектор е најпогоден?

Читај повеќе